Суспендиран поради крем за мустаќи
Јапонскиот рагбист Рохеи Јаманака е суспендиран на две години бидејќи беше позитивен на супстанција на допинг тест за која тој вели дека доаѓа од кремата што ја користел за стимулација на раст на мустаќи. Веста ја објави Јапонскиот рагби сојуз (ЈРФУ).
Јаманака не смее да се натпреварува до 27 април во 2013 година и ќе го пропушти светското првенство што ќе се одржи во Нов Зеланд од 9 септември до 23 октомври.
Во април, за време на подготовките за настап на азискиот турнир „Пет нации“, играчот беше подложен на антидопинг контрола во тренинг кампот на репрезентацијата на Јапонија. Анализите од А и Б примероците покажаа присуство на метандриол, анаболички стероид, додава ЈРФУ. |