Русинот Рибаков го откажа настапот на СП
Актуелниот светски првак во скок во височина Јарослав Рибако и Алексеј Загорњи, сопственик на најдобриот резултат во фрлање кладиво во оваа сезона (81,73 метри), нема да настапат на Светското атлетско првенство што ќе се одржи во Даегу, Јужна Кореја, од 27 август до 4 септември.
„Рибаков одлучи да не настапи на Светското првенство. Се надеваше дека ќе се опорави по повредата на стапалото, но таа се' уште го попречува да биде подготвен за натпревари“, порача селекторот на рускиот национален тим во атлетика, Валентин Маслаков, и воедно додаде дека и Загорњи не е доволно закрепнат од повредата на грбот.
Рибаков стигна до светската шампионска титула на првенството во Берлин во 2009 година кога прескокна 2,32 метра. |