Ето се договори со Анжи, се чека одлука на Интер
Самуел Ето сериозно размислува за заминување во Русија, поточно во прволигашот Анжи. Тоа го потврди неговиот менаџер Клаудио Вигорели.
„Практично, се договоривме со Анжи. Сега се' останува на клубовите околу отштетата“, изјави Вагорели.
Еден ден пред тоа медиумите соопштија дека Ето ќе добива од Анжи 20 милиони по сезона и плус 35 за Интер (или вкупно трансферот ќе тежи 115 милиони), но менаџерот го демантираше тоа. „За жал, медиумите имаат погрешна информација“.
Почина братот на Обафеми Мартинс на 28 години
Оладипупо Мартинс, братот на многу попознатиот Обафеми, почина во нигерскиот главен град Лагос по компликациите на заболеното срце.
Тој, исто така, беше фудбалер, но ниту приближно успешен како Обафеми. Играше за италијанската Реџина една сезона, во Партизан две сезони, а една година мина и во Интер, за кого не запиша ниту еден настап.
Арсенал го пушта Насри во Сити за 24. млн. евра
Се' поизвесно е дека Самир Насри ќе го напушти Арсенал. Иако, Арсен Венгер тврдеше дека не сака да го пушти Французинот, сепак, тој одбил да потпише нов договор.
Затоа „топчиите“ му порачаа на Манчестер Сити дека може да го добие за 24 милиони евра, а не за 17 колку што првично нудеше.
Ситуацијата во Арсенал ја критикуваше напаѓачот Шамак. „Цеск Фабрегас и Самир Насри не може да добијат замена. Тука не се во прашање парите. Проблемот е што нема алтернативи. Тоа е срамно. Подобро ќе биде ако пуштат само еден, а да можам да избирам тоа би бил Фабрегас. Цеск со години е со мислите во Барселона“, вели Шамак.
Тотенхем дава 35 млн. евра за Хулк од Порто
Тренерот на Тотенхем, Хари Реднап, сака да го доведе од Порто напаѓачот Хулк и тоа со сума од 35 милиони фунти. Но, тоа ќе биде многу тешко, бидејќи Порто не сака да слушне да го пушти извонредниот Хулк, па затоа одреди астрономска отштета од 100 милиони евра.
Петгодишна суспензија за Сињори
Поранешниот репрезентативец на Италија, Џузепе Сињори, доби забрана за вршење функции во фудбалот во наредните пет години. Тој е еден од 18 лица обвинаети за вмешаност во фудбалски мечеви во Италија. Аталанта во новата сезона во Серија А ќе стартува со минус 6 бода, иста мерка е изречена и за Асколи во Серија Б, додека екипата на Алесандрија е исфрлена во четврта лига. |