Број 3653  четврток, 11 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Спорт

Вардар ја доби пресметката за Скопје

Со голот на Ивановски во 37. минута, црвено-црните го совладаа Работнички со 1:0 во дербито на второто коло во домашното првенство

Сашко Ѓ. Димовски

Вардар им се придружи на Металург и Напредок на врвот на табелата со две победи и без примен гол во новата сезона во македонскиот фудбалски шампионат. Црвено-црните го добија градско дерби со Работнички со 1:0 и сега имаат триумф помалку од соседот во досегашните 48 средби. Автор на 15. првенствена победа (вардарци се подобри во овој сегмент) беше Филип Ивановски во 37. минута, човекот што му обезбеди три бода на својот тим и во воведното коло кај 11 Октомври.

Вардар за нијанса беше подобар и поагресивен и заслужено славеше во мечот без спорни ситуации, (не)оправдано (не)досудени пенали или црвени картони и голови од недозволени позиции, моменти кои најчесто може да фрлат дамка на нечиј успех. Актерите во дербито понудија еден гол и уште две прилики за гол (обете пред голот на Работнички) што ја кренаа публиката на нозе. Лико во втората минута ја погоди стативата наместо мрежата, Ранѓеловиќ не ја погоди целта по нафрлување на Али во 90. минута. И толку. Останатото беше надмудрување на средината на теренот, со повремени центаршутеви што не беа сериозни закани за Симов и Димитриевски и непрецизни удари од дистанца што најчесто минуваа по неколку метри крај головите или над нив. Ѓоргиоски и Петрески, сепак, ги бендиса мечот. Не ја пропуштија приликата да истакнат дека нивните тимови беа подобри, но пред се изразија задоволство од амбиентот во најновото соседско соочување. Со тоа се согласни сите. Атмосферата беше на ниво, се разбира, за наши услови.

„Неколку пати бевме во позиција да погодиме, но успеавме само еднаш. Бевме подобар тим, го надигравме ривалот на тактички план и заслужено победивме. Со ваква игра, атмосфера и резултати клубот ќе се врати на старите патеки. Верувам дека Вардар се движи во добар правец кон таквата цел“, рече по мечот Илчо Ѓоргиоски, тренер на Вардар, кој постојано им даваше инструкции на своите играчи крај аут-линијата.

Видлива беше се' уште недоволната воиграност на новиот вардаров состав и заморот кај Работнички по напорните настапи низ квалификациите за Лига Европа и отсуството на Богдановиќ, И. Стојанов и Тодоровски.

„Мислам дека и' подаривме добро дерби на јавноста. Гледачите уживаа во текот на целиот натпревар. Бевме подобри. Адут на Вардар беше Филип Ивановски. Постојано го бараа, а тој искористи една наша опуштеност и невнимание и ја погоди мрежата. Потоа беше тешко да се вратиме и да избегнеме пораз и покрај тоа што немавме тројца стандардни првотимци“, рече предводникот на дебармаалци, Горан Петрески.

Вардар - Работнички 1:0



Полувреме: 1:0. Национална арена: „Филип Втори“. Гледачи: 7.000. Главен судија: Димитар Мечкаровски. Помошници: Душко Милошевски и Игор Ширилов (сите тројца од Скопје). Жолти картони: Бошковски, Вајс, Ранѓеловиќ (Вардар). Стрелец: Ивановски во 37 минута.

Вардар: Симов, Илиевски, Бојовиќ, Вајс, Бошковски, Оса, Ранѓеловиќ, Стојаковиќ (Велјановски 79 мин.), Петров, Ивановски (Али 87 мин.), Лико (Ацески 90 мин.). Тренер: Илчо Ѓоргиоски.

Работнички: Димитриевски, Петровиќ, Ќумбев, Лазаревски, Ф. Глигоров, Муарем (Аврамовски 70 мин.), Д. Велковски, Вујчиќ, Настевски (Петковски 82 мин.), К. Велкоски (Скендеровиќ 70 мин.), Маневски. Тренер: Горан Петрески.



Билети за Лацио за 150 денари

и за 250 денари





Денеска или најдоцна утре (зависи кога ќе заврши процесот на печатење) ќе почне продажбата на билетите за реванш мечот меѓу Работнички и Лацио во рамки на плеј-оф фазата за пласман во Лига Европа. Место на северната и на јужната трибина ќе чини 250 денари, цената на влезница за источната и за западната трибина ќе биде 150 денари.

Раководството на Работнички реши да печати билети за целиот капацитет на националната арена „Филип Втори“. Мечот ќе се одигра на 25 август со почеток во 20.45 часот.


#
Статијата е прочитана 727 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Со играта од Словенија нема што да бараме во Литванија
Македонија на стартот со Шпанија
Пеколна завршница на Србија за прво место на „Екс ЈУ“
Серена Вилијамс доминантна, Клајстерс повредена
Ето се договори со Анжи, се чека одлука на Интер
Металург подобар од ПИК Сегед
Суспендиран поради крем за мустаќи
Јао Минг наскоро во Куќата на славните
Русинот Рибаков го откажа настапот на СП

"""