Јао Минг наскоро во Куќата на славните
Кинескиот кошаркар Јао Минг, кој пред неколку месеци ја прекина кариерата поради повреда, веројатно по брза постапка ќе влезе во Куќата на славни во Спрингфилд.
Станар во неа обично се станува по пет години од пензионирање, но за Јао Минг ќе биде предложена брза постапка поради големите заслуги што тој ги има за популаризацијата и развојот на кошарката во Азија.
Џон Долев, директор на Куќата на славни во Спрингфилд, изјави дека е можно кинескиот кошаркар да им се придружи на другите кошаркарски ѕвезди наредното лето.
Јао Минг мина осум сезони во дресот на Хјустон и во просек бележеше 19 поени и 9,2 скока по натпревар. Осум пати во кариерата беше дел од Ол стар- викендите. |