|
|
|
|
|
|
Со играта од Словенија нема што да бараме во Литванија
Катастрофален настап и на тактички и на физички план против противниците на евробаскетот во Литванија - БиХ и Црна Гора
Наум Котевски
„Најдоброто допрва треба да излезе од оваа екипа“, ќе шутне за три селекторот на македонската репрезентација Марин Докузовски по сите три порази турнирот „Екс ЈУ“ во Љубљана, ама, дефинитивно, нема да погоди.
Да, неговиот баскет се' уште лета, бидејќи до почетокот на европското првенство во Литванија остануваат уште дваесетина дена, но по трите порази во „Стожице“ од Србија, БиХ и Црна Гора неговите зборови за нас не се ништо друго освен негова лична перцепција на работите, или теорија која од својот пуст остров само пусто ја брани со нешта кои требаше досега да бидат решени.
Ќе се пожали меѓудругото Докузовски на тенката клупа. Го немаше Антиќ на турнирот во Бормио, бидејќи, како што самиот капитен се пофали, требаше да си го прослави роденденот со сопругата (не го гризела совест за тоа, бидејќи се појавил 10 порано на подготовките). До завчера не постоеше и Мекејлеб - поради проблемот со осигурувањето што го создаде неговиот клуб Монтепаски, а против Црна Гора го немаше и Владо Илиевски, затоа што сега веќе бившиот играч на Олимпија не можеше да ги одложи барем за еден ден лекарските прегледи во својот нов тим Анадол Ефес. Многу приватност, малку репрезента��ивна екипност.
За таа непрофесионалност во најпрофесионалниот погон не е виновен никој друг освен самиот Докузовски и нормално Кошаркарската федерација. Таа цела недела го туткаше случајот со Мекејлеб во непотребна конспиративна амбалажа, правејќи при тоа, упорно и свесно, како група технолошки стручњаци рециклажа од своите „пластични“ изјави во чија основа лежеше: „Бо е само недоволно физички подготвен“.
Ќе тагува Марин по мечот со Црна Гора и над слабата ефективност во нападот, на статичноста, (не)свесно ставајќи го сето тоа на кантарот на сопствената вина. Тој требаше да се потруди сето тоа да изгледа малку посериозно.
Против БиХ изгледавме навистина тажно, иако на крајот загубивме само со 50:55, а мечот со Србија, благодарејќи на добриот шут за три (оној што не му оди на Марин) ни го врати оптимизот. Но за кратко.
Дуелот со Црна Гора, заедно со БиХ, наш противник и на претстојниот евробаскет, покажа дека, за жал, тоа е само инцидент. А, ако целта беше да се излажат БиХ и Црна Гора дека сме неквалитетни, апсолутно сме успеале во тоа.
Разбирливо, Докузовски низ натпреварите ги ротираше сите играчи, но имаше и моменти (особено на последниот натпревар) кога на паркетот играше повеќе од чудна петорка. Да речеме, прашање е кога Соколов, Д.Стојановски, Николовски, Мираковски и Чековски повторно ќе играат заедно. Или пак Костовски, кој не заигра против БиХ и Србија, ќе отвори некој меч со своја петминутна игра во која ќе има нула кошеви, нула асистенции, нула скокови. Не дека Костовски (кој речиси сигурно ќе отпадне од ростерот за ЕП) не може повеќе, но ако по цели денови дремеш скиснат на клупа пред зграда во своето маало, тешко дека ќе те запознаат во град - па макар и ти дале пет минути да дефилираш по „Ленинова“.
Освен стручниот штаб за лошата слика во Љубљана виновни се и самите играчи. По завршувањето на европското првенство во Полска пред две години во завршната анализа потенциравме дека Војдан и Дамјан Стојановски, како и Соколов, не се веќе талентирани момчиња. Одамна во светот не го употребуваат тој израз за спортисти кои имаат над 20 години. Згора на тоа тие имаат веќе 24 и кусур. Затоа мора да бидат похрабри, подрски и да добијат на самодоверба, за да можат да го извадат квалитетот кој несомнено го поседуваат. Очигледно дека и по две години не им е јасно дека тие не се приврзокот на Мекејлеб, Илиевски, Антиќ, Самарџиски. Оваа тројка треба да биде движечката сила.
Нелогично, но пример треба да им биде оној кој штотуку дојде во репрезентацијата. Високиот Кирил Николовски покажа дека нема респект кон никого и дека е кадарен да го замени Гечевски.
За останатиот дел од центарската линија Антиќ и Самарџиски многу пати е зборувано. Тоа се веќе изградени играчи. Со идентитет и карактер (некогаш со вишок на првото, а некогаш со она второто). За жал, тие засега немаат континуитет во играта. На пример, почнаа добро со Црна Гора, а уште пред полувремето се „симнаа“ во соблекувалната и таму останаа.
Со најголемиот крвник на човекот суетата не се скарани ниту кошаркарите. Во тоа се уверивме и за време на европското првенство во Полска, но и по него, кога се распрашуваа за новинарите кои критички ги анализираа работите. И тогаш и сега тврдиме дека немаме лоша намера. Напротив.
Аристотел своевремено во една прилика кажал: „Драг ми е Платон, ама вистината ми е подрага“. Така и нам. Репрезентацијата ни е драга, но на некои работи акцентот мора да го ставиме предвреме за да не го изедеме навреме.
А, на „црвените“ џинови по дебаклот во Словенија им препорачуваме да го консултираат познатиот филозоф од времето на Нерон, „малиот“ Сенека, кој вели: на другиот секогаш прости му, но себе си никогаш. |
#
|
Статијата е прочитана 1667 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: Bitolcanec |
Датум: 11.08.2011 06:30:55 |
|
Pa sigurno deka nema sto da barame vo Litvanija koga na nasite igraci se im e povazno od reprezentacijata!!Na nitu eden natprevar ne se kompletni,koj zaminal vamu,koj zaminal tamu!Eden dosol drug si otisol,epa nema rezultati taka,kolku i da gi posakuvame!!! |
|
|
|
|
|
|
Од: Kirco |
Датум: 11.08.2011 07:04:42 |
|
De , bre Naume , sto si se rasplakal? Pogledni naokolu, go sredivme zdravstvoto , zemjodelieto , fudbalot , politikata, atletikata i uste kosarkata ni ostana...? Zdravje i zivot, mora da bide podobro. Te cekame za liga na sampioni :)
Pozdrav KIrco
p.s.
Vistinata na Balkanite e epten nestabilna rabota. Zatoa i Aristotel ne go postavile za dekan na Platonovata akademija. |
|
|
|
|
|
|
Од: euro |
Датум: 11.08.2011 07:09:05 |
|
So vakov kapacitet na selektor na kogo se drugo mu e opravduvanje osven katastrofalnoto vodenje na ekipata daleku ne stigame.Imame svetski trener Zare megjutoa sekogas sindromot prorabotuva.So nekadaren malski trener,nebiduva kvalitet.(istite ovie reprezentativci kaj drug kvaliteten selektor sigurno ke imaat daleku podobro lice) |
|
|
|
|
|
|
Од: LIDNAM |
Датум: 11.08.2011 09:58:03 |
|
Ауу колку лоша статија.Пристрасност , маалско зборење, немање основни познавања на кошарката. Луѓе , па ова е репрезентацијата што немаше пораз во Борис Трајковски , ова е Марин кој сите го сметаме за најдобар тренер освен некоја вжештена глава од МЗТ ( иначе ја навивам за МЗТ )
Ова се репрезентација која ја згази Британија.
Но сепак ова се подготвителни натпревари. Да бесни комбинации се правеа во играта но тоа е тоа треба да се проба се.
Стефанов повреден
Мекелеб скоро и не заигра
Илиевски МОРАШЕ да оди во Турција. Па тоа е професионален дел. Ова се подготовки.
Гечевски од оправдани причини мораше да се седи дома
Антиќ не е страшно ако пропушти нешто
Значи не правете екстра притисок за џабе. Доаѓа првенството и сите ќе видиме до кај може да стигне оваа репрезентација.
|
|
|
|
|
|
|
Од: Perius |
Датум: 11.08.2011 10:48:37 |
|
Makedonska omilena sintagma: "Bitno e da se ucestvuva"! - Ako e bitno samo da se ucestvuva, zosto togas postoi rezultat. - Zatoa sto mnogu pobitno e i da se pobedi! KOGA SE ZADOVOLUVAME SO TROSKI, I SAMI PRAVIME EROZIJA NA NASITE CELI I GO POTCENUVAME NASIOT KAPACITET, VO KONTINUITET KJE TONEME. DODEKA SITE OKOLU NAS PISUVAAT ISTORIJA, NIE SLAVIME RODENDENI I GLUMIME PROFESIONALNOST. |
|
|
|
|
|
|
Од: vodno |
Датум: 11.08.2011 11:08:48 |
|
So eden zbor katastrofa.Neznam od kade da pocnam,centar kade sto igra bek [Antik],drug i nema,igraat samo so sutiranje na 3,kade se bekovite da vleguvaat so prodori i da gi razigruvaat drugite igraci,kade se akciite sto se igra pik'n'roll ili e toa za nasite mislena imenka.Ima da se kazuva i kazuva za ova 24h. ama za sega tolku.Posledna dupka na sviraloto sme bile i ke bideme no,kakva drzava takov i sport...... |
|
|
|
|
|
|
Од: jasna |
Датум: 11.08.2011 11:09:59 |
|
Badijala site komentari. Vo narodot se vika: ''Pesot lae, karavanot prodolzuva''! Za kvalitetot na Dokuzovski kako trener ne sum kompetentna da zboruvam, ama deka toj e covek koj nema ostet za odnos so kosrakari (onie koi ne mu se po cef) go znaat site. Tesko na onoj koj se zameril, opravdano ili neopravdano, so nego. Dolgo vreme ja sledam kosarkata i mnogu pati sum bila prisutna koga toj gi navreduval igracite (se razbira, tie sto ne mu se pod koza). Negoviot recnik e tolku vulgaren i prostacki sto ne se opisuva. Mladi igraci, neiskusni, dobivaat trajni frustacii od nego. Osven toa, vo ramkite na nasata kosarka tie se otpisani (za ucestvo vo reprezenacija) iako zad sebe imaat povece od odlicni sezoni. Ne bi bilo loso nasata kosarkarska federacija trajno da angazita profesionalen psihoterapevt koj ce gi leci posledicite na Marin Dokuzovski. Ama koga toa mu e dozvoleno, nema spas. I drugi treneri se lutat na neposlusnost na igracite, ama ne gi navreduvaat so pogrdni zborovi, pcosti ... |
|
|
|
|
|
|
Од: boki |
Датум: 11.08.2011 11:40:36 |
|
Alal da mu e na avotorot na tekstot.Dosta ni e od neprofesionalnost ke igram, ne igram, imam domasni problemi, kupi, prodaj (trgnete go ilievski i taka nesakase da igra za Makedonija i sekogas ima pobitni raboti. No sepak na strucni mesta sedat nestrucni luge neka go pokazat CV to i se ke bide jasno . Do koga vaka ??? |
|
|
|
|
|
|
Од: agromc |
Датум: 11.08.2011 12:52:55 |
|
Abe iskreno ne treba ni da se bide neso popustliv prema niv zatoa sto znaeme koj "zvezdi" se nasite neli. Nikoas ne sme imale disciplina u reprezentacija zatoa sto site se zvezdi. Pred mesec ipol dur bev u Skopje pola reprezentacija ja vidov u HAVANA u park u 3 sabajle. Gi znaeme deka poise se u kafici nego li u sala, ama oni se najbolji neli pa nema so da treniraat poise, moze otsustva da imaat.
A za tipot so rece selektorot ne go biva , more papak Marin e edini trener sto treba kapa da mu simnuva iako i ja sum za MZT 17 godini vekje (pozdrav Lidnam). |
|
|
|
|
|
|
Од: Ivek |
Датум: 11.08.2011 13:34:01 |
|
Ke gi zamolam urednicite na vesnikot vo idnina, so vakvite statii da ne vrsat pritisok vrz nasite kosarkari vo presret na EP vo kosarka. Za nase dobro, da ne se sozdava tenzija. Ako postoi sport vo koj kolku-tolku se pojavuvame na Evropski prvenstva toa e kosarkata. Ima vreme. Nisto strasno sto izgubile eden turnir. Da im dademe podrska, bidejki sigurno znaat sto pravat i imat nekoja koncepcija za pretstojnoto EP. Pozdrav |
|
|
|
|
|
|
Од: dejan |
Датум: 11.08.2011 13:53:23 |
|
Се согласувам со скоро сите забелешки што ги наведовте .Сепак во овој период целокупната македонска јавност треба да застане во подршка на нашиот тим без да им правиме дополнителни притисоци со негативни заклучоци.Мислам дека Македонија има поквалитетен тим од 2009 и 2010 година и дека во Литванија ке оствари одличен ,а можеби и најдобар резултат до сега.
|
|
|
|
|
|
|
Од: Bitola |
Датум: 11.08.2011 14:48:08 |
|
Не сум експерт да кажвам ама селекторот селектира играчи и не знам зошто толку го форсира Чековски,кој треба да си остани Скопје и повеќе да не не страми и да се страми самиот ,оти само за подавање го зедоа,нема ниту влез,ниту скок,ниту одбрана,ниту пак храброст па чоекот нема врска од кошарка,арно се најде Николовски кој беше викнат да пополни место ,а дечкото изигра најдобро од сите и со срце,а како него има и други во Македонија кој не се во репрезентација. |
|
|
|
|
|
|
Од: meco |
Датум: 11.08.2011 15:19:41 |
|
Dokuzovski? ke se potrudam da go opisam negovoto vodenje na reprezentacijata na turnirot vo Slovenija.Toj istiot Dokuzovski(selektorot) kako sto ja vodese reprezentacijata ,poveke nalikuvase ,na nekoj koj sto vo minuvanje videl nekoja si maalski basket natprevar ,pa si rekol aj malku da se vmesam ,da se razonodam malku so momcite. So takov pristap,vodenje na reprezentacijata,ne treba ni do aerodromot da odime, kamo li na Evropsko prvenstvo.SLABOOOOO !!!! |
|
|
|
|
|
|
Од: zik |
Датум: 11.08.2011 15:39:10 |
|
abe ovie sdsm go praat ova |
|
|
|
|
|
|
|
|