Металург подобар од ПИК Сегед
Ракометарите на нашиот шампион Металург забележаа победа против унгарскиот претставник Пик Сегед со 24:20 (11:11) во првиот официјален натпревар за време на подготовките во Србија пред стартот на новата сезона. На овој меч не настапија голманот Ангелов и Наумче Мојсовски кои се жалеа на настинка. Меѓу најдобрите во екипата на Металург беше новиот голман, српскиот интернационалец Дарко Станиќ кој бранеше одлично. На подготовките во Србија, Металург на 13 август ќе игра со Војводина, ден подоцна со Металопластика по што ќе замине на Турнирот на шампионите во Добој. (М.М.)
Прва фудбалска лига
Резултати од 2. коло: Вардар - Работнички 1:0 (Ивановски 37 мин.), Тетекс - Охрид 2004 1:1 (Урошевиќ во 84 мин. - Алими во 66 мин.), Шкендија - 11 Октомври 3:0 (Сали во 25 мин., Мустафи во 75 мин. од пенал, Исени во 80 мин.), Металург - Хоризонт Турново 1:0 (Драговиќ 78 мин.), Брегалница 2008 - Напредок 0:1 (Глишиќ 7 мин.), Силекс - Ренова 2:1 (Заревски 39 мин., Нацев 63 мин. - Гаши 48 мин.)
Табела
1. Металург 2 2 0 0 3:0 6
2. Вардар 2 2 0 0 2:0 6
3. Напредок 2 2 0 0 2:0 6
4. Шкендија 2 1 0 1 4:2 3
5. Ренова 2 1 0 1 3:2 3
6. Работнички 2 1 0 1 2:2 3
7. Хоризонт Т. 2 1 0 1 2:2 3
8. Силекс 2 1 0 1 2:2 3
9. Охрид 2004 2 0 1 1 1:3 1
10. Тетекс 2 0 1 1 1:3 3
11. Брегалница 2008 2 0 0 2 1:3 0
12. 11 Октомври 2 0 0 2 0:4 0
Идно коло (сабота 13.08.2011 год., 16 ч.): Напредок - Вардар, Охрид 2004 - Силекс, Ренова - Брегалница 2008, 11 Октомври - Металург, Хоризонт Турново - Тетекс. (недела 14.08.2011 год., 16 ч.): Работнички - Шкендија |