Број 3032  петок, 10 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Четворица Срби во Милано

На кумановци им пристапија Даниќ, Пузовиќ и Ѓокиќ, а Стојановиќ се врати од Врање

Сашко Ѓ. Димовски

Еден од четирите македонски претставници во европските фудбалски купови, Милано, полека го комплетира составот за новата натпреварувачка сезона и пред се' она што кумановци ги очекува наредната седмица во Лига Европа. На прволигашот од „Милано арена“ му пристапија четворица Срби од кои тројца се новајлии, а еден повратник. На верност кон клубот се обврзаа голманот Александар Даниќ од Раднички Ниш, полушпицот Иван Пузовиќ од Нови Пазар и Никола Ѓокиќ, исто така полушпиц, од второлигашот Дубочица од Лесковац. Меѓу кумановските „миланези“ се врати и напаѓачот Саша Стојановиќ. Тој цела сезона ја мина во Врање каде се опоравуваше по хируршката интервенција на препоните.

Претходно во стројот на тренерот Еркан Јусуф се приклучија уште седум фудбалери. Браќата Шабани, Лабинот и Бурим, Дритон Вокси, Скендер Цецелија, Аритон Зиба, Ивица Лазарев од Хоризонт Турново и Зоран Марковски од второлигашот Скопје.

Сите нови играчи во Милано од вчера тренираат во клубот, а во сабота во 17 часот ќе го одиграат и првиот заеднички натпревар против Хоризонт. Тестот против турновци ќе биде генералка за пресметките со подобриот од двомечот меѓу хрватски Славен Копривница и Биркиркара од Малта во второто елиминациско коло во Лига Европа. Првиот меч ќе се одигра на 16 јули на „Милано арена“ во Куманово со почеток во 17 часот.

Активноста на Милано на пазарот и ангажманот на 11 нови играчи е потврда на уверувањата од клупското раководство до јавноста и претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Харалампие Хаџиристески, дека и во наредната сезона ќе има прволигашки фудбал во Куманово. Ова е доволен доказ дека на македонската прва лига нема да и' се повтори ланската судбина кога остана со учесник помалку по откажувањето на Башкими непосредно пред стартот на шампионатот. Од Куманово порачуваат дека нема да дигнат раце од клубот поради незавидната финансиска состојба иако на Милано му се предвидуваше црна иднина, па дури и згаснување. Управата на „миланезите“ е цврсто решена да оддолее на предизвикот. Признава дека минува ни�� тежок период, но уверува дека клубот ќе опстане. За тоа се преземени сите неопходни чекори, а потесното раководство е постојано во мобилна состојба. Состави тим со млади фудбалери кои ќе имаат пониски договори од ланските што беа актуелни во клубот, сите ќе бидат осигурани, набавени се три комплети спортска опрема и со нетрпение се очекуваат новите фудбалски предизвици на „Милано арена“.


#
Статијата е прочитана 590 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Грабулоски го отвора натпреварот во Минск
Фудбалски вести
Хрватска без Гиричек, но со Вујчиќ на ЕП во Полска
Наградниот фонд на Ју-Ес опен повисок за 21,6 млн. долари
Рожман 28. и на 200 м
Монкур починал од срцев удар
Срамен пораз на јуниорките од Холандија ЕП во Охрид