Фудбалски вести
Навивачите на Арсенал направија брошура за да се продаде Адебајор
Навивачите на Арсенал направија брошура во која го претставија Емануел Адебајор, како би привлекле купувачи и конечно би ја исполниле обостраната желба - заминување на репрезентативецот на Того од Лондон.
Адебајор во неа е претстваен како „еден од најопасните и најплодните напаѓачи во Европа“. „Постигна 62 гола за Арсенал од 2006 година и има процент на искористени шанси од 0.0045. Подобар скор од него имаат само 453 играчи. Тој е многу подобар од Марлон Хервуд Мидо, заедно, а исто така е нежен и внимателен љубовник“, пишува на првата страница на брошурата.
Со прашањето дали може да си дозволите да пропуштите ваква шанса, се наведува дека на „фудбалските клубови им се потребни голови“, како и дека научниците ја пресметале формулата: Адебајор+плата+бонус+седишта во автомобил со монограм=голови.
Како и во секоја вистинска презентација наведени се вредностите на брендот „Адебајор“ меѓу кои се: здрав и фит, шампион, дефинитивно не е мрзлив, висок, пикантен, не е мал, може да се пере во машина, органски, на полнење, се топи во уста, отровен, неизлечив, благо зачинет, го сака Годзила, не е Ирец, се плаши од духови......
Навивачите на Арсенал истакнаа дека Адебајор е фудбалска икона и најпопуларен спортист во Того, каде многу жени сакаат да носат негово дете. „Го носи бројот 25 во знак на идолот Кану, кој почина во 2007 година. Тој верува во господ и смета дека верата е заслужна за неговите успеси, но не го обвинува господ кога ќе промаши зицер“, се наведува во брошурата со податокот дека најголемата брзина на Емануел е 145 километри на час.
Пато се ожени со преубавата Стефани
Ѕвездата на Милан 19 годишниот Бразилец Пато се ожени со три години постарата бразилска глумица Стефани Брито. Парот се венчаше во црква во Сао Паоло, а церемонијата беше одржана во познатата Копакабана Палас. Меѓу 500 гости беа и Кака и Кафу, како и спортскиот директор на Милан Ариедо Браида.
Стефани, како што кажавме, е позната глумица од бразилските сапуници. Со Пато се запозна во 2008 година и оттогаш напаѓачот на Милан многуте голови ги прославува правејќи со прстите срце. Се очекува таа да се пресели во Италија, а медениот месец ќе го минат на островот Бора Бора.
Лапорта: На Барса не и требаат засилувања
Додека Реал М лудува по трансфер пазарот претседателот на Барселона Хуан Лапорта е потполно мирен. „Јас сум кул. И ако мене ме прашувате не би донел никого“, кажа Лапорта и додаде: „Но знам дека навивачите очекуваат барем едно ново име. Ќе се потрудиме тоа да го направиме. Првата опција ни е Давид Вилја“, додаде Лапорта, чиј тим лани освои тројна круна - ЛШ, Примера и Купот на кралот.
И Лео Меси смета дека иако Реал страотно се засили Барса пак ќе победи. „Со Кака и Роналдо Реал М ќе биде друг тим, но Барса повторно ќе ги победи. Кака има многу квалитет, но ќе треба време да се прилагоди. Тоа што Реал го прави е филозофијата на Перез, а ние во Барса секогаш размислуваме за убав фудбал“, порача Меси.
Севилја го доведе Дидие Зокора
Репрезнтативецот на Брегот на Слоновата Коска Дидие Зокора е нов член на Севилја. Овој 28 годишен играч стигна во Тотенхем во 2006 година од Сент Етјен за повеќе од 10 милиони евра, а засега сумата што им ја плати Севилја на Англичаните не е објавена. За репрезентација на БСК настапи 75 пати и постигна само еден гол.
Фелипе Мело пред вратите на Јуве
Италијанските медиуми објавија дека Јувентус и Фиорентина веќе се договориле за трансфер на Фелипе Мело, иако и двата клуба не потврдија такво нешто. Наводно, Јуве ќе и плати на Фиорентина 20 милиони евра за Бразилецот и ќе и ги даде првата на Марко Маркиони. „Мело уште не е наш играч. Преговорите траат и одат добро, но трансферот не е потврден. Ќе ви јавиме кога ќе се случи тоа“, изјави претседателот на Јуве, Џовани Кобољи Гиљи.
Бешикташ дава 12,5 милиони евра за Кварезма
Приказната за Рикардо Кварезма заслужува посебно внимание, најмногу поради огромните цифри кои се споменуваат. Фантастичниот техничар поради својата себичност остана потполно неупотребен во Интер и е едно од најголемите промашувања на управата. Бешикташ вчера прати понуда до Интер вредна 12,5 милиони евра за Португалецот, но тоа на Интер не му е доста и бара 17 милиони за играч кој во дресот на „нероаѕурите“ и во Челзи собра едвај 20 меча.
Хет-трик на дебелкото Роналдо
Најдобриот стрелец во историјата на светските првенства во победата на Крузеиро нас Флуминенсе (4:2) брилјираше и постигна три гола. Вкупно сезонава Роналдо постигна 14 гола. „Не ме прашувајте кој ми е најубав. Тоа е исто како да ги прашате родителите кое дете им е подраго“, изјави 32 годишниот Роналдо. |