Рожман 28. и на 200 м
Македонската атлетичарка Ивана Рожман го освои 28. место и на 200 м, со што го повтори пласманот на двојно покусата дисциплина од пред два дена на 25. Универзијада во Белград. Учесничката на Олимписките игри минатата година во Пекинг, која за четири дена ќе наполни 20 години, оствари резултат од 25,38 сек., со кој заврши четврта во шестата група од вчерашните квалификации.
Во полуфиналето со најдобро време од 23,55 сек. ќе влезе Моник Вилијамс од Нов Зеланд, а зад Рожман останаа десет натпреварувачки. (Р.Д.) |