Број 3032  петок, 10 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Хрватска без Гиричек, но со Вујчиќ на ЕП во Полска

Јасмин Репеша го објави списокот на „коцкестите“, кои се наоѓаат во група со Македонија

Селекторот на хрватската кошаркаска репрезентација Јасмин Репеша вчера го објави списокот на репрезентативци за претстојното европско првенство во Полска, каде „коцкестите“ се наоаѓаат во група со Македонија, Изреал и Грција.

На тој список се најдоа: Планиниќ, Поповиќ, Укиќ, Кус, Рожиќ, Томас, Пркачин, Лончар, Баниќ, Ничевиќ, Вујчиќ, Касун, Томиќ, Пашалиќ, Стојиќ и Ранчиќ. Репеша објасни дека по темелните подготовки кои започнуваат на 20 јули ќе го состави конечниот список од 12 кошаркари.

„Задоволни сме со циклусот на подготовки кои си го зададовме, засега се тече според планот“, кажа Репеша и додаде: „Го нема Гиричек, но со него веќе разговарав. Тој има свои обврски кои не му дозволуваат активности во репрезентацијата и тоа мора да го почитуваме, бидејќи станува збор за приватен проблем“, тврди Репеша и елаборираше зошто го нема Маркота кој играше на ОИ во Пекинг.

„Зад него е турбулентна сезона. Првиот дел практично не го играше, а сега е повреден. Тој е перспектива, но денес мора да внимава на повредата“, му порача Репеша, кој ги пофали своите кошаркари дека максимално професионално ги сфатиле обврските. „Тоа се кошаркари кои сакаат да играат за својата земја. На ЕП во Полска мора секогаш да имаме на ум дека може да играме со секого ако играме како тим. Ако не, тогаш може да загубиме од секого“, објасни Репеша.


#
Статијата е прочитана 262 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Грабулоски го отвора натпреварот во Минск
Четворица Срби во Милано
Фудбалски вести
Наградниот фонд на Ју-Ес опен повисок за 21,6 млн. долари
Рожман 28. и на 200 м
Монкур починал од срцев удар
Срамен пораз на јуниорките од Холандија ЕП во Охрид