Број 3032  петок, 10 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Наградниот фонд на Ју-Ес опен повисок за 21,6 млн. долари

И покрај економската и финансиска криза во светот, организаторите на последниот сезонски Гренд слем турнир, Ју-Ес опен, решија да го зголемат наградниот фонд за тенисерите и тенисерките. Турнирот во Њујорк кој ќе започне на 31 август ќе биде „потежок“ за 21,6 милиони американски долари.

Во наредното издание на Флешинг Медоу не ќе има намалување на наградите за победниците, па така најдобрите во обете конкуренции ќе добијат по 1,6 милиони долари. Кон нив вреди да се напоменат и можните парични добивки на тенисерите и тенисерките од настапите на турнирите во Ју-Ес опен низата. Серијата ќе стартува на 19 јули во Индијанаполис, ќе трае шест недели во кои ќе се одржат 10 АТП и ВТА турнири со вкупен награден фонд од 30 милиони американски долари.

Доколку победникот во серијата го освои и Ју-Ес опен, како што тоа го стори Федерер во 2007 година, ќе добие плус еден милион долари бонус, а бонуси се предвидени и за вторите и третите финалисти во серијата.


#
Статијата е прочитана 179 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Грабулоски го отвора натпреварот во Минск
Четворица Срби во Милано
Фудбалски вести
Хрватска без Гиричек, но со Вујчиќ на ЕП во Полска
Рожман 28. и на 200 м
Монкур починал од срцев удар
Срамен пораз на јуниорките од Холандија ЕП во Охрид