Фени индусти во својата сала ја заверува титулата
Фени индустри е чекор до освојување на титулата, откако го совлада Вардар осигурување во малата сала во „Борис Трајковски“ со 87:77, за водство од 3:1 во серијата подобар до четири.
Сега на кавадарчани им останува да ја потврдат титулата уште в среда во својата сала „Јасмин“, каде сезонава ниту еднаш не се поразени.
Кошаркарите на Емил Рајковиќ завчера го направија она што практично го ветија пред финалето - барем една победа во Скопје. Одиграа еден квалитетен и пред се' колективен натпревар, наспроти Вардар О., најуспешниот тим во регуларниот дел од сезоната, кој често се туркаше во неуспешни индивидуални акции.
За тоа доволно говори фактот што дури пет кошаркари кај гостинскиот тим завршија со двоцифрен број поени. Најефикасен беше Кнежевиќ со 21 кош, а на таа листа беа и Соколов, Лајф, Јововиќ и капитенот Горан Самарџиев, кој реализираше неколку клучни поени во завршницата.
Кај Вардар О. Дамјан Стојановски со повеќе од 50 отсто шут од поле постигна 22 коша, но потфрли Тони Симиќ, кој беше надигран под кошевите на двете страни и постигна само 10 поени, без ниту еден офанзивен скок од вкупно шест. |