Сјајниот Вебер и пресреќниот Алонсо
Возачот на Ред Бул самоуверено ја извозе „Каталуња“, а Шпанецот протифитираше од проблемите на Фетел и на Хамилтон
Макс Вебер и Себастијан Фетел двајцата возачи на Ред Бул беа ги имаа пол позициите на стратот, а на крајот трката за Големата награда на Шпанија ја завршија на непарните места. На најпосакуваното прво беше самоуверениот Вебер, кој од стартот ги затвори сите приоди и она третото, кое беше резервирано за Фетел. Меѓу нив се протна домаќинот на „Каталуња“ Фернандо Алонсо, кој треба да биде пресреќен поради втората позиција, затоа што објективно до неа дојде само поради проблемите што ги имаа Фетел и Луис Хамилтон.
Германецот храбро ги преживеа проблемите со гумите поради кои во 54. круг мораше да влезе во бокс, а потоа и оние поопасните со сопирачките. Му порачаа од боксот да забави, но тој не ги послуша. За разлика од него Хамилтон не можеше ништо да направи кога на само еден круг пред крајот му пукна гумата. Се фати за глава Англичанецот не можејќи да поверува дека тука дојде крајот.
Сето тоа го искористи Алонсо, кој и покрај тоа што сонуваше победа на својата почва, беше презадоволен од таквиот епилог. Иако, Ферари најавуваше подобра состојба со болидот уште во воведните кругови беше видливо дека едноставно не може сериозно да им се закани не само на возачите на Ред Бул туку и на сребрениот болид на Луис Хамилтон.
Зад победничкото трио беа Михаел Шумахер, кој направи одлична работа со тоа што неочекувано го помина Џенсон Батон и Фелипе Маса.
Како и да е, Ред Бул и на оваа трка како и на претходните покажа дека има најбрз болид, а тоа го призна и Алонсо уште во петокот по тренинзите.
Инаку, трката тргна со овој редослед: Вебер, Фетел, Хамилтон, Алонсо, Батон, Шумахер, Маса......
Стартните кругови не донесоа динамика, а камоли пак некоја драма. Во 18. круг во бокс влегоа Вебер и Хамилтон, а на излегување Хамилтон дојде на патеката паралелно со Фетел, кој успеа да го претекне. Фетел тогаш падна на третото место, на кое беше и на крајот.
Во 25. круг Маса при претекнување на еден болид, кој заостануваше еден круг, го допре истиот со предното крило. Тимот проверуваше дали оштетувањето е големо, а на крајот му порача на Маса да продолжи, бидејќи „влегување во бокс ќе значи поголема штета“. Маса потоа направи половина секунда подобро време, па од боксот на Ферари за време на 29. круг почнаа да се шегуваат: „Мислиме дека сега го најдовме решението за побрзи кругови“.
Тоа беше и најинтересното што можеше да се издвои во тој дел од трката. Во вториот беше малку поинтересно, поради споменатите несреќни моменти на Фетел и Хамилтон. Наредната трка се вози наредниот викенд во Монте Карло.
Голема награда на Шпанија
1. М. Вебер (Ред Бул) - 66 круга
2. Ф.Алонсо (Ферари) +24 сек.
3. Фетел (Ред Бул) +51,3 сек
4. М.Шумахер (Мерцедес) +62 сек
5. Џ.Батон (Мекларен) +63,7 сек.
Пласман на возачи
1.Џ. Батон (Мекларен) 70 бода
2. Ф.Алонсо (Ферари) 67
3. С.Фетел (Ред Бул) 60
4. Макс Вебер (Ред Бул) 53
5. Нико Розберг (Мерцедес ГП) 50
Пласман на конструктори
1. Мекларен Мерцедес 119
2. Ферари 116
3. Ред Бул Рено 113 |