Металург и Вардар про синоќа разигруваа
Ракометарите на Металург и Вардар про синоќа разигруваа за титулата во 18. издание на Купот на Македонија.
Во првото полуфинале во СРЦ „Кале“ металурзи, според очекувањата, го совладаа дебитантот во куп завршниците, тимот на Винарска Визба Тиквеш со 30:20 (14:10). Синоќешното финале беше вкупно шесто за суперлигашот од Автокоманда. Во досегашните пет Металург забележа две победи.
Нив во финалето им се придружи домаќинот и организатор на турнирот, Вардар про, по триумфот над битолски Пелистер со 28:23 (14:11) што ги прави црвено-црните најуспешен колектив во ова натпреварување. Досега одиграа 11 финални дуели во кои остварија 7 победи. (С.Д.) |