Број 3278  понеделник, 10 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Спорт

Квиз

Светско првенство по пауза од 12 години

Бразил беше единствен кандидат и ја доби организацијата на Мундијалот, прв по Втората светска војна

Втората светска војна беше главна причина што Светското првенство имаше пауза од 12 години. По завршувањето на војната, фудбалот мораше да продолжи да живее. Првиот конгрес на Светската фудбалска федерација (ФИФА) по војната, беше одржан на 25 јули 1946 година, во Луксембург. Овој конгрес беше историски од неколку причини. Прво, поради тоа што му се даде признание на претседателот на ФИФА, Жил Риме кој за време на војната го одржуваше жив духот на фудбалската игра. Како благодарност кон Риме, кој одбележи 25 години на чело на светската фудбалска куќа, трофејот што му се доделуваше на најдобриот тим го доби името „Жил Риме трофеј”.

Второ значајно на овој конгрес беше тоа што на СП свое прво учество најавија британските федерации, кои беа отсутни од 1929 година од ФИФА. Англија и останатите селекции од Обединето Кралство не учествуваа на ниедно од првите три првенства.

Во Луксембург беше решено Бразил да биде домаќин на четвртото СП. „Кариоките” беа единствени кандидати за домаќин на Мундијалот што првично требаше да се одржи во 1949 година. Причина за одложување на првенството за 1950 година беше доцнењето на изградбата на стадионот во Рио де Жанеиро.

Фудбалот во Бразил стана толку популарен што беше решено да се изгради нов стадион, со капацитет за 220.000 гледачи во предградијата на Рио де Женеиро. Работите почнаа на 2 август 1948 година, но рокот за изградба беше преамбициозен и проектот за изградбата доцнеше. Пет недели пред првата средба, организаторите се најдоа во временски теснец, а ФИФА го испрати во Рио Оторино Бараси, претседателот на фудбалската федерација на Италија, која одлично го организираше СП во 1934 година.

На 24 јуни 1950 година, стадионот “Маракана” официјално беше пуштен во употреба, иако е уште личеше на големо градилиште. Меѓутоа, беше подготвен за да ги пречека 13-те репрезентации, кои беа поделени во четири групи. Две групи беа со по четири тима, една со три селекции и една била со две репрезентации. Непосредно пред првенството Индија беше исклучена од натпреварувањето. ФИФА не дозволи фудбалерите на Индија да играат боси, без копачки, па последната група остана со само две селекции, а Мундијалот остана со само 13 селекции.

СТАТИСТИКА



Учесници (13): Боливија, Чиле, Италија, Шпанија, Швајцарија, САД, Бразил, Англија, Мексико, Шведска, Уругвај, ФНР Југославија, Парагвај.

Најдобар стрелец на првенството: Адемир Маркес (Бразил) со 9.

Вкупно гледачи: 1.337.000 на 22. натпревари.

Градови: Бело Хоризонте, Куритиба, Порто Алегре, Рецифе, Рио де Жанеиро, Сао Паоло.

Во квалификациите учествуваа 33 репрезентации од целиот свет.


#
Статијата е прочитана 303 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Унгарецот Тамаш Тот победник на Скопскиот маратон
Сјајниот Вебер и пресреќниот Алонсо
Барселона внимателна поради Клементе и Валјадолид
Поразените не се паметат, но Партизан ќе остане во меморијата
Финалето во Купот на 26 мај, место на 24
Ван Гал полеан со шампионско пиво од традиционалните Баварци
Партизан го доби 138. вечно дерби со Црвена звезда
Фени индусти во својата сала ја заверува титулата
Металург и Вардар про синоќа разигруваа
Мурињо
За Вигинс првата етапа
Орландо и Лејкерси поведоа со по 3