Број 3278  понеделник, 10 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Спорт

Унгарецот Тамаш Тот победник на Скопскиот маратон

Во женска конкуренција најуспешна беше Кенијката со босански пасош Лусијани Кимани

Миодраг Мицковиќ

Унгарскиот атлетичар Тамаш Тот победи на четвртиот по ред традиционален скопски маратон на кој во трите трки учествуваа околу 2.400 тркачи. Тот постигна време од 2:28,56, втор на целта во трката на 42.195 км пристигна Холанѓанецот Нил Стрикт со време 2:31,11 а трет беше Виорел Гиргита од Молдавија чие време изнесуваше 2:32,22.

Од македонските маратонци најуспешен беше Александар Андонов кој го освои петтото место додека веднаш на целта по него пристигна струмичанецот Ѓорѓи Трендафилов.

Како што се очекуваше, во женска конкуренција на главниот маратон победи Кенијката Лусијани Кимани, која настапи со босански пасош со време 2:55,56. Втора е минатогодишната победничка Хрватката Марија Врајиќ со 2:59,27 а трета Кетилин Фаркаш од Унгарија.

На полумаратонскатга трка во должина од 21 км најуспешен беше Србинот Саша Столиќ кој постигна време од 1:14,02, втор е Атила Филев (Србија) со 1:19,42, а трет е Кокан Ајановски од Македонија 1:21,50.

Црногорката Слободанка Перуновиќ е победник на полумаратонската трка со време од 1:25,34, втора е Ксенија Подолвик (Србија) со 1:26,26, а трета Македонката Ениса Тасевска со 1:36,34.

На хуманитарната трка на 5.000 метри победи Стојан Поповски пред Јовица Ристевски и Никола Кутановски, сите тројца од Македонија.

Наградниот фонд изнесуваше 10.000 евра. Победниците на главниот маратон во машка и женска конкуренција добија по 1.700 евра.

Да одбележиме дека целиот приход од котизацијата за учество и донатори на трката на 5.000 метри беше наменета за Клиниката за белодробни болести за деца во Козле.

Покровител на маратонот беше град Скопје, делегацијата на Европската унија во Македонија и Агенцијата за млади и спорт, успешни организатори Сојузот на спортови на Скопје, Атлетската федерација на Македонија и Атлетскиот клуб Работнички. За организаторите сите честитки бидејќи маратонот мина во најдобар ред.

Да одбележиме дека покрај многуте познати личности од јавниот и спортскиот живот во трката на 5.000 метри се појавија и господинот Ерван Фуере, градоначалникот на Скопје Коце Трајановски, амбасадорката на Холандија на Македонија Симоне Филипине и други.


#
Статијата е прочитана 1051 пати.

Испрати коментар

Од: SBEPOT
Датум: 10.05.2010 08:15:58
... четвртиот по ред традиционален (?!?) ... Традиција, батка, се создава со генерации... а, не за три-четири години...
Од: nekoj
Датум: 10.05.2010 11:26:20
Do SVEROT ..pa moras nekade da pocnes, i da gradis tradicija ako ne za sebe za idnite generacii

Најди! во Утрински
Спорт
Сјајниот Вебер и пресреќниот Алонсо
Барселона внимателна поради Клементе и Валјадолид
Светско првенство по пауза од 12 години
Поразените не се паметат, но Партизан ќе остане во меморијата
Финалето во Купот на 26 мај, место на 24
Ван Гал полеан со шампионско пиво од традиционалните Баварци
Партизан го доби 138. вечно дерби со Црвена звезда
Фени индусти во својата сала ја заверува титулата
Металург и Вардар про синоќа разигруваа
Мурињо
За Вигинс првата етапа
Орландо и Лејкерси поведоа со по 3