Крозби со хет-трик ја запре Атланта
Сидни Крозби брилјира, а неговиот Питзбург ги собира плодовите од неговата игра. Канадската ѕвезда заби нов хет-трик за победа на неговиот тим против Атланта (3-2). Тоа беше двобој на ривали со долга низа победи, а на крајот пингвините беа тие кои ја продолжија бројката на осум. Аталанта беше сопрена по низата од шест едноподруго триумфи, а ова им беше осми во низа во гости кај Крозби и дружината.
А, токму канадскиот хокеар го оствари таканаречениот природен хет-трик, односно три едноподруго голови на натпревар. Прво во првата третина израмни на 1:1 по водството на гостите преку Брајан Литл, а во втората третина со два гола им го отвори патот на „пингвините“ до победата. Воедно стана и прв играч на Питзбург во речиси десет години кој постигна хет-трик во два едноподруго домашни натпревари, а сега е веќе во низа од 14 средби на кои или бил стрелец или пак асистирал.
Бостон ја оствари најубедливата победа на вечерта. Тампа беј беше декласирана со 8:1, а најефикасен натпревар одиграа гостувачките Ренџерси кои го совладаа Исландер со 6:5. Јунак на победничкио тим беше Марјан Габорик со три погодока, вклучувајќи го и оној решавачкиот на пет и пол минути пред крајот на средбата. Са словачкиот играч ова беше втор хет-трик во сезоната и вкупно 12. во кариерата.
Лос Анџелес Кингс ја прекина серијата од четири порази. На својот мраз ја совладаа Флорида со 3:2, а победничкиот гол го постигна Словенецот Анже Копитар на две и пол минути пред крајот на мечот.
Резултати:
Лос Анџелес - Флорида 3:2, Бостон - Тампа Беј 8:1, Далас - Вашингтон 2:1, Отава - Сан Хозе 0:4, Питзбург - Атланта 3:2, Њу Џерси - Монтреал 1:5, Торонто - Едмонтон 0:5, Њјорк иссландер - Њујорк ренџерс 5:6. |