Ханџиски го сменил изгледот
Ексамбасадорот во Грција, Благој Ханџиски, го поминал завршниот разговор во МНР и заминува на новата амбасадорска функција, овој пат во Бугарија. Министерот Антонио Милошоски му посакал успешно извршување на дипломатската мисија, заклучувајќи дека постојат можности за надоградување на соработката со оваа соседна земја врз основа на принципите на добрососедство, пријателство, заемно почитување и разбирање.
Ханџиски, кој падна во анонимност откако стана најфален кадар од сегашната влада на ВМРО-ДПМНЕ, судејќи по фотографијата испратена од МНР, сменил многу работи, па и бојата на косата и на брадата. (Н.Р.) |