Реал во Малага го загуби „шпанското дерби“
По минатонеделната победа против Олимпијакос, оваа недела тимот на Еторе Месина го одигра „шпанското дерби“ во Б-групата, но излезе како поразен состав. Играчите на Реал гостуваа во Малага, а Уникаха победи со 75:71, иако Реал водеше во поголемиот дел од мечот. На влезот во последната минута хрватскиот кошаркар Анте Томиќ погоди за 71:70, но потоа Берни Родригез реализираше тројка за 73:71, а од линијата за слободни фрлања мирен беше Бланко за потврда на победата.
Во мечот од Д-групата Валенсија како домаќин го совлада Ефес Пилсен со 62:56 со што ја потврди победата од минатото коло над грчкиот Панатинаикос.
Во таа група Унион Олимпија оствари нов домашен успех. Овој пат падна Армани Џинс со 82:75. Во Ц-групата европскиот првак Барселона лесно се пресмета на свој паркет против францускиот Шоле и победи со 76:62.
Евролига, 7. коло:
А-група: Жалгирис и Макаби 68:71, Химки - Партизан 92:65, Каха Лаборал - Проком 75:81.
Табела: Макаби 6-1, Жалгирис 4-3, Партизан 4-3, Химки 3-4, Каха Лаборал 2-5, Проком 2-5.
Б-група: Олимпијакос - Брос баскет 86:69, Уникаха - Реал 75:71, Лотоматика - Шарлерои 95:83.
Табела: Олимпијакос 5:2, Реал 4-3, Уникаха 4-3, Лотоматика 4-3, Брос баскет 2-5, Шарлерои 2-5.
Ц-група Барселона - Шоле 76:62, Фенербахче - Цибона 100:70, Монтепаски - Лиетувос 90:72.
Табела: Монтепаски 6-1, Фенербахче 6-1, Барселона 4-3, Шоле 3-4, Лиетувос 1-6, Цибона 0-7.
Д-група: Валенсија - Ефес Пилсен 62:56, Унион Олмпија - Армано Џинс 82:75, ЦСКА - Панатинаикос 68:72.
Табела: Панатинаикос 5-2, Ефес Пилсен 4-3, Олимпија 4-3, Милано 3-4, Валенсија 3-4, ЦСКА 1-6. |