Број 3449  сабота, 04 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
Спорт

Англичаните понижени што фудбалот не се враќа дома

Во својата кампања Англија вложи 15 милиони фунти, но не успеа да ја реализира мисијата

Тагата е голема во секоја земја што поднесе своја кандидатура за организација на СП 2018 и во СП 2022, но во ниту една не владее толку жал како во Англија која беше убедена дека ќе добие прилика да ги нагости најдобрите светски фудбалски репрезентации.

Кога Сеп Блатер прочита „РУСИЈА“, некои Англичани во првиот момент сакаа да веруваат дека претседателот на ФИФА се збуни бидејќи вистината беше горчлива за нив. Во земјата завладеа разочарување, гнев, а одлуката на ФИФА беше дочекана со солзи во очите.

Англија фигурираше како најдобра меѓу заедничките кандидатури на Шпанија и Португалија и Белгија и Холандија и самостојната на Русија. Сепак, епилогот не беше како што очекуваа нејзините граѓани. Сите британски медиуми излегоа со наслови дека Англија е поразена од Русија во гласањето, но според информациите од Цирих, кандидатурата од Островот не го мина ниту првиот круг. Тоа сега е малку важно за Англичаните, а за овој губитокот на СП некои ќе ги обвинат англиските новинари кои два дена пред гласањето објавија приказна за корупција во редовите на членовите на ИО на ФИФА.

„Слушнавме дека сме испаднале уште по првиот круг. Може само да и' честитаме на Русија која имаше фантастична кандидатура. Тешко е да се проголта сето ова. Момците кои говореа за нашата кандидатура беа чудесни, не можеа да бидат подобри. На крајот денот не беше успешен иако дадовме се од себе“, рече поранешниот англиски напаѓач, Алан Ширер, една од многуте познати личности во гламурозната кампања.

„Сан“, „Гардијан“, Би-Би-Си и многу други пишуваат дека „фудбалот за осум години нема да се врати дома“ и дека во Цирих доживеаја понижување.

Без сомнение, острите британски новинарски пера во деновите што следат ќе бидат насочени кон ФИФА и нејзините членови бидејќи сметаат дека кандидатурата на Англија била подобра од сите останати. Сепак, 15 милиони фунти вложени во кампањата очигледно не беа доволни за радост на најголем дел од Островот.


#
Статијата е прочитана 212 пати.

Испрати коментар

Од: Silvester, Sidnej
Датум: 04.12.2010 14:29:18
Sto mislevte vie Anglicani? Na sekoi 3-4 godini kaj vas da se odrzuva se. I olimpijadi i fudbali...Pa neli moze i drugite da dobijat malku? Toa e najarogantnata nacija na svetot. Ova bese prav izbor - fer.

Најди! во Утрински
Спорт
Фудбал во пустинската оаза
Златната треска продолжува да ја тресе Русија
Реал во Малага го загуби „шпанското дерби“
Англија во солзи, Русија и Катар во еуфорија
Крозби со хет-трик ја запре Атланта
Леброн Џејмс ги стивна навивачите на Кливленд
Катар ќе гради стадион в море
Русија е политички избор, Катар економски
Ханџиски го сменил изгледот
 


Macedonians do not trust EU policy towards their country
Hungarian journalists awarded for courageous reporting
Macedonia's secret surveillance society