Број 3449  сабота, 04 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
Спорт

Леброн Џејмс ги стивна навивачите на Кливленд

Мајами Хит славеше со 118:90 благодарение на бившиот коњаник

Леброн Џејмс успеа да ги смири непријателските трибини во арената во Кливленд, истите тие кои до ова лето напросто го обожаваа. По првпат еден од најдобрите кошаркари на денешницата се врати в Кливленд, град и тит во кој играше седум години и успеа да стигне до два едноподруго наслови најкорисен играч на НБА-лигата. И одигра на ниво на кое повеќето од публиката во Кливленд сака да го гледа. Нивниот проблем беше што рекордот на оваа сезона го оствари во дресот на Мајами Хит, попатно нанесувајќи му го на Кливленд најтешкиот пораз. Беше 118:90.

Леброн Џејмс мечот го заврши со 38 поени, а доде пет скокови и осум асистенции. Големата концентрација и мотивираноста резултираа со тоа што Џејмс првпат оваа сезона не загуби ниту една топка.

„Исклучително го почитувам овој клуб и навивачите. Заедно се развивавме од 17. победа во сезоната до последните две кога бевме најдобар тим во основниот дел. Ја разбирам фрустрацијата на овие навивачи, кои исклучително ги ценам, но фрустриран бев и јас затоа што не можевме да го освоиме тоа што го сакавме. На Кливленд и на неговите навивачи им посакувам се' најдобро“, изјави Џејмс кои се соочи со негодување од публиката кога ја имаше топката во рацете.

На висина на задачата беше и Двејн Вејд со 22 поени, девет скокови и девет асистенции. Џејмс Џонс додаде 18 коша и шест скока, а Крис Бош 15 поени и пет фатени топки во можеби најдоброто издание на Мајами во оваа сезона.

Во вториот меч Феникс на гости го совлада Голден стејт вориорс со 107:101, и покрај извонредната игра на Монти Елис (38 скока, четири скока, седум асистенции). На другата страна, Стив Неш постигна 13 коша и 16 асистенции со што го израмни сезонскиот рекорд. Ова беше 9. победа на Феникс во последните 11. соочувања со Голден стејт, кои се во низа од четири домашни порази и седум од последните осум натпревари.

Резултати: Кливленд - Мајами 90:118, Голден стејт - Феникс 101:107.

Табели

Источна Конференција:

1. Бостон 14-4

2. Орландо 14-4

3. Атланта 12-7

4. Чикаго 9-7

5. Мајами 12-8

6. Индијана 12-8

7. Њујорк 10-9

8. Торонто 7-11

9. Кливленд 7-11

10. Милвоки 6-12

11. Шарлот 6-12

12. Њу Џерси 6-13

13. Детроит 6-13

14. Вашингтон 5-12

15. Филаделфија 5-13



Западна конференција:

1. Сан Антонио 15-3

2. Далас 14-4

3. Јута 15-5

4. ЛА Лејкерс 13-6

5. Њу Орлеанс 13-5

6. Оклахома 13-6

7. Денвер 11-6

8. Феникс 9-9

9. Портланд 8-10

10. Мемфис 8-11

11. Голден стејт 8-11

12. Хјустон 6-12

13. Сакраменто 4-12

14. Минесота 4-14

15. ЛА Клиперс 4-15


#
Статијата е прочитана 141 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Фудбал во пустинската оаза
Златната треска продолжува да ја тресе Русија
Реал во Малага го загуби „шпанското дерби“
Англија во солзи, Русија и Катар во еуфорија
Крозби со хет-трик ја запре Атланта
Англичаните понижени што фудбалот не се враќа дома
Катар ќе гради стадион в море
Русија е политички избор, Катар економски
Ханџиски го сменил изгледот
 


Macedonians do not trust EU policy towards their country
Hungarian journalists awarded for courageous reporting
Macedonia's secret surveillance society