Број 3449  сабота, 04 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
Спорт

Англија во солзи, Русија и Катар во еуфорија

Англичаните испаднаа уште во првиот круг гласање, Русија победи со 13 гласа во втората рунда, Катар, пак, го поддржаа 14 члена на ИО на ФИФА наспроти осумтемина што беа за САД

Исчезнаа дилемите што деновиве лебдеа врз фудбалскиот свет околу тоа кој ќе ја добие честа да ги организира мундијалите во 2018 година и во 2022 година. Англија веднаш потона во солзи, но затоа пак Русија и Катар се на нозе. И додека Русите беа фаворити од сенка за СП 2018 во трката со Англија и заедничките кандидатури на Шпанија и Португалија и Холандија и Белгија, тогаш Катар е големо изненадување бидејќи доби повеќе гласови од САД, Австралија, Јапонија и Јужна Кореја за СП 2022.

Катар ќе биде најмалата земја што некогаш била домаќин на СП (досега тоа беше Уругвај во 1930 година). Има површина од само 11.500 километри квадратни и 1,7 милиони жители и воедно ќе биде прва муслиманска земја домаќин на мундијал. Катар прилично важеше за аутсајдер пред гласањето затоа што временските температури во земјата во јуни и јули преминуваат 40 степени Целзиусови, а дополнителен проблем за навивачите може да бидат и многу строгите закони. Најголема предност, пак, во апликацијата на земјата беа најавите за вложувања од четири милијарди долари во инфраструктура, супермодерните климатизирани стадиони и фактот дека осумте фудбалски храмови ќе бидат сместени во радиус од само 50-ина километри.

Одлуката кои земји ќе ги организираат СП во 2018 година и во 2022 година ја соопшти лично Сеп Блатер, кој имаше право на глас со уште 21 член на Извршниот одбор на ФИФА. Не гласаа Амос Адаму и Рејналд Темарии, членови на ИО кои се суспендирани поради коруптивно однесување, а Русија и Катар мораа да добијат најмалку по 12 гласа во трката по 21 и 22 мундијал.

„Помогнете ни заедно да влеземе во историјата“, рече по руската победа, вицепремиерот на Русија, Игор Шувалов, додека премиерот Владимир Путин, пак, го одложи патувањето во Цирих поради „валканите кампањи во медиумите“ за, сепак, да отпатува во Швајцарија во доцните вечерни часови. Значењето на руската кандидатура во Цирих ја поддржа и една од најдобрите светски атлетичарки, Јелена Исинбаева, а Русите очигледно имаа повеќе „плусови“ отколку „минуси“ како големата оддалеченост меѓу градовите и сообраќајната поврзаност.

Англија, сепак, важеше за фаворит при гласањето. Нејзината кандидатура ја поддржаа премиерот Дејвид Камерун, Дејвид Бекам и принцот Вилијам, кои беа дел од церемонијата на ФИФА во Цирих. Русија победи во изборот во вториот круг со 13 гласа, еден повеќе од потребните 12, додека Катар е избран за домаќин на завршниот турнир во 2022 година дури во четвртиот круг во кој доби собра повеќе гласови од САД.

Во гласањето за СП 2018 Англија испадна уште во првиот круг со само два гласа. Русија доби девет, шпанско-португалската кандидатура седум, а белгиско-холандската четири гласа. Во наредниот Русите собраа 13, Шпанија и Португалија повторно седум, а Белгија и Холандија само два.

Многу понеизвесно беше во гласањето за домаќин на СП 2022 година. Уште во првиот круг испадна Австралија со еден глас, Јапонија и САД добија по три, Јужна Кореја четири, а Катар 11 што значи дека уште тогаш и' недостасуваше само еден глас за мундијалот да заврши кај арапскиот свет на Средниот исток. Во вториот круг гласање Катар доби 10, Јужна Кореја и САД по пет, овој пат испадна Јапонија со два. Во третата рунда Катар повторно доби 11, САД шест, Јужна Кореја пет и во финалната рунда за Катар гласаа 14 члена на ИО наспроти осум за САД.


#
Статијата е прочитана 327 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Фудбал во пустинската оаза
Златната треска продолжува да ја тресе Русија
Реал во Малага го загуби „шпанското дерби“
Крозби со хет-трик ја запре Атланта
Англичаните понижени што фудбалот не се враќа дома
Леброн Џејмс ги стивна навивачите на Кливленд
Катар ќе гради стадион в море
Русија е политички избор, Катар економски
Ханџиски го сменил изгледот
 


Bosnia struggles to form state and entity governments
Bulgarian politicians caught in luxury phone trap
Thousands still missing from Yugoslavian wars