Број 3449  сабота, 04 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
Спорт

Катар ќе гради стадион в море

Русија ќе потроши 3,82 милијарди долари за изградба на стадиони за Светското првенство во 2018 година. Првенството ќе се игра на 16 стадиони во 13 града. Три од нив ќе бидат целосно реномирани, а 13 нови. Натпреварите на СП 2018 ќе се играат во Москва, Санкт Петербург, Сочи, Калининград, Ростов, Краснодар, Јарослав, Нижни Новгород, Казањ, Саранск, Самара, Волгоград и Екатеринбург, единствениот град што се наоѓа зад Урал.

Катар, пак, ќе потроши 4 милијарди долари во организацијата на Светското првенство во 2022 година. Мечевите ќе се играат на 12 стадиони од кои 9 ќе бидат комплетно нови и ќе се градат врз еколошки принцип. Посебно за издвојување е модерниот стадион „Лусаил“ со капацитет од 86.000 седишта во кој ќе се игра првиот натпревар и мечот за титулата, а ќе биде подигнат за само четири години и ќе се наоѓа во море. Сите стадион ќе бидат климатизирани, највисоката температура во нив ќе биде 27 Целзиусови степени, ќе бидат поврзани со метро и од еден до друг ќе се стигнува за помалку од еден час возење. Покрај Доха, градови домаќини на натпреварите во 2022 година ќе бидат и Лусаил, Ал Кор, Аш-Шамал, Ал Вакрах, Ум Салал и Ал Рајан


#
Статијата е прочитана 544 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Спорт
Фудбал во пустинската оаза
Златната треска продолжува да ја тресе Русија
Реал во Малага го загуби „шпанското дерби“
Англија во солзи, Русија и Катар во еуфорија
Крозби со хет-трик ја запре Атланта
Англичаните понижени што фудбалот не се враќа дома
Леброн Џејмс ги стивна навивачите на Кливленд
Русија е политички избор, Катар економски
Ханџиски го сменил изгледот
 


Bosnia struggles to form state and entity governments
Bulgarian politicians caught in luxury phone trap
Thousands still missing from Yugoslavian wars