Двегодишната сметка на Манчестер Сити, милијарда фунти
Џејмс Милнер го офици��ализира трансферот во Манчестер сити, а со неговиот потпис трошоците на богатите сопственици за две години надминаа една милијарда фунти.
Шеикот Мансур, чие однесување на фудбалскиот пазар Алекс Фергусон го спореди со камиказите, не застанува во своите настојувања од „граѓаните“ да направи најсилен клуб во земјата.
Нереалните суми кои неделно им се исплатуваат на играчите кои не се во самиот врв не се никаков проблем за Сити, па само за плати на играчите се потрошени 487,8 милиони фунти. За трансфери се потрошени 355 милиони, а иницијалниот трошок за купување на клубот изнесуваше 210 милиони фунти.
Кога на тоа ќе се додадат 20 милиони за обновување на стадионот, вкупните трошоци ја надминуваат неверојатната една милијарда фунти.
Ако е за утеха, Роберто Манчини изјави дека за ова лето купувањето заврши. |