Крај на сезоната за Енан
Белгиската тенисерка Жастин Енан ќе го пропушто остатокот од сезоната. Причина е повредата на лакотот добиена во Вимблдон. Некогаш најдобрата светска тенисерка ја потврди веста на својот сајт во кој јасно нагласи дека оваа повреда не значи и крај на нејзината кариера.
„Во последните неколку дена направив многу лекарски прегледи. Процесот на рехабилитација си оди во вистинска насока, но за заздравување ќе треба време. Тоа значи дека треба да бидам трпелива. Ако сакам во 2011 година да бидам добра, не смеам ништо да ризикувам, па сметам дека на тренинзите треба да им се вратам кон крајот на октомври“, порача Енан.
Белгијката се повреди во првиот сет од мечот од осминафиналето во Вимблдон против сонародничката Ким Клајстерс, кога при бркањето на една топка се лизна �� падна на лакотот. Тоа се случи шест месеци откако се врати на тениските терени. |