Маскерано останува во Ливерпул
Хавиер Маскерано, најверојатно, ќе остане во Ливерпул, затоа што ако не стигне добра понуда, Рој Хоџсон е подготвен да се откаже од играчот без отштета за две години.
„Лично на секоја понуда би одговорил негативно. Меѓутоа, потребно ни е да ни понудат толку колку што мислиме дека вреди. Нема да го притискаме, но би сакале да остане уште две години, а тогаш да реши дали ќе потпише нов договор“, изјави Хоџсон. За Маскерано се заинтересирани Интер и Барселона, а Ливерпул бара 30 милиони евра. |