Вердер убедлив против Сампдорија
Во последните пет натпревари од првата рунда на плејофот за влегување во Лигата на шампионите, најголема работа заврши Хапоел од Тел Авив, кој во Салцбург со 3:2 го совлада Ред Бул.
Заминувањето на Месут Озил во Реал Мадрид не се почувствува во играта на Бундеслигашот Вердер, кој изгледаше доминантно против италијанскиот претставник Сампдорија и кој, благодарение на тоа, со една нога зачекори во групата на елитното фудбалско натпреварување.
Имаа и гостите свои шанси (статива, понишетен гол поради офсајд), меѓутоа, Вередер беше апсолутно подобар, посигурен и поопасен состав, разигран во нападот и цврст во одбраната. Во прилог на тоа оди и статистичкиот податок кој вели дека Сампдорија не упати ниту еден удар кон голот на Висе се' до погодокот на Пацини во 90. минута.
Головите за Вердер ги постигнаа Фриц, Фрингс од пенал и Пизаро. Сампдорија од 66 минута играше без исклучениот Личини.
Четири гола видоа навивачите во Белград, кои до последно место го исполнија стадионот на Партизан на мечот против белгискиот Андерлехт. За нивна жал, и двата тима постигнаа по два гола, па гостите во реваншот ќе имаат добра предност.
Во пиринејскиот двобој славеа Португалците. Севилја со 60 отсто посед на топката и 12 удари на голот успеа да загуби од Брага со 1:0, а стрелец на голот беше Матеус.
Молдавскиот Шериф добро мина во Базел, каде што домашните стигнаа до минимална победа од 1:0. Стрелец за Базел беше Стокер. Домашните можеа да слават и поубедливо, но Хугел не успеа да реализира пенал во 90. минута.
Резултати:
Базел - Шериф 1:0 (Стокер 54)
Брага - Севилја 1:0 (Матеус 62)
Салцбург - Хапоел 2:3 (Покривач 28, Валнер 76 п. - Енјеама 3 п., Шахар 44, Шехтер 63)
Вердер - Сампдорија 3:1 (Фриц 51, Фрингс 67 п., Пизаро 69 - Пацини 90)
Партизан - Андерлехт 2:2 (Клео 57, Лесјак 64 аг. - Жиле 54, Јухас 66) |