Број 3363  петок, 20 август 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Спорт

ФФМ ќе наградува пласман, повикот во репрезентација - 1.500 евра

Сашко Ѓ. Ди��овски

Нема повеќе парцијални премии во македонската фудбалска репрезентација. Во иднина ќе се наградува според постигнат успех во цел квалификациски циклус, а не во зависност од резултат во секој меч поединечно. Но, предвид ќе се земат третото и второто место во групата, за пласман послаб од тие позиции ќе нема парични награди за фудбалерите.

Ваквиот модел е договорен на состанок меѓу претставниците на репрезентативците и Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) што се одржа за време на минатонеделното гостување на националниот тим во Ла Валета кај селекцијата на Малта. Останува да се прецизира сумата што би ја поделиле играчите за трето место, односно второ, секако, според заслугите на секој од нив поединечно на теренот. Предлогот на ФФМ е 50.000 евра за трета позиција, 100.000 за втора и истиот, според зборовите на претседателот на ФФМ, Харалампие Хаџи-Ристески, не е фиксен што значи дека корекции се можни.

Награда, нормално, ќе следува и за освоено прво место во група и пласман на некој од големите фудбалски собири, европско или светско првенство. Средствата што би се добиле од УЕФА или од ФИФА во случај на успешна кампања на репрезентацијата на ЕП или на СП би се поделиле во сооднос 40:60 или 50:50 меѓу ФФМ и репрезентативците.

„Фудбалерите беа страшно коректни. Бевме на идентична фреквенција и брзо најдовме заеднички јазик. Се согласуваат дека е време да се игра за повисок дострел. Ниту нив не ги интересира повеќе четврто место во група и тие сакаат повеќе. Убедени се дека можат. Во заднина на нивниот оптимизам е другарството, атмосферата во тимот, квалитетот што го поседуваме“, изјави првиот човек на ФФМ, Хаџи-Ристески.

Сепак, тоа не е единствена работа што е договорена на Малта. Утврдена е и сумата за повик во националниот тим. Место досегашните 500 евра по натпревар, репрезентативците во иднина ќе добиваат по 1.500 евра (во квалификациите за ЕП 2012 во сите акции има два врзани меча во четири дена).


#
Статијата е прочитана 522 пати.

Испрати коментар

Од: Pelister
Датум: 20.08.2010 07:17:36
Konecno i samiot Hadziristeski da doznae koja e korektnata strana...

Најди! во Утрински
Спорт
Вердер убедлив против Сампдорија
На победа и во Унгарија
Надал, Ѓоковиќ и Федерер без проблеми во Синсинати
Александар Маленко му се враќа на пливањето
Валдано ја отвора распродажбата во Реал
Крај на сезоната за Енан
Во Милано признаваат
Работнички елиминиран од Миравци во Купот
Виталиј Кличко ќе ја брани титулата против Шенон Бригс
Маскерано останува во Ливерпул
Двегодишната сметка на Манчестер Сити, милијарда фунти