Број 3442  петок, 26 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter

Многу зони околу Штип, ни трага од инвеститори

Поминаа месеци, а не се изгради ниту фабрика ниту се отворија работни места

Иван Бојаџиски

ШТИП - Во околината на Штип има повеќе локации погодни за изградба на фабрики и производствени капацитети, но барем засега се покажа дека тие не се атрактивни за инвеститори.

Во кругот на некогашниот текстилен гигант „Македонка“ се' уште стојат неискористени 130.000 квадратни метри, а беспрекорно уредена локација на 30.000 квадрати чека инвестиции и во приватната индустриска зона на фабриката за акумулатори „Весна Сап“ во Пробиштип.

И како тоа да не беше доволно, па пред повеќе од половина година Владата одреди нова индустриска зона „Три Чешми“. Интересно е што просторот од 206 хектари за чие уредување ќе се потрошат осум милиони евра се наоѓа на само два километра од локацијата на „Македонка“ и на триесетина од „Весна Сап“.

Сечејќи ја црвената панделка, премиерот Никола Груевски во март годинава самозадоволно најави дека во индустриската зона ќе се изграделе 50 фабрики и ќе се вработеле 15.000 луѓе. Премногу убаво за слушање ако навистина се случи тоа. Ама поминаа месеци, а од фабриките, инвестициите и новите работни места нема ни трага ни глас.

Штипската чаршија коментира дека одлуката на државата за нова индустриска зона е неразумна од секаков аспект, а особено од оној финансискиот. Загрижувачки се информациите што ги пренесоа некои локални штипски медиуми, дека во државната каса снемувало пари и дека откако ќе падне првиот снег, ќе се престанело со уредувањето на зоната кај Штип.

Моментно на „Три Чешми“ се гради главната сообраќајница во должина од 2,2 километра. Работите на зоната му беа доверени на скопски „Гранит“ и на струмички „Жикол“, но на градилиштето што го посетивме немаше овластен раководител кој би информирал дали темпото на изградба е според зацртаната динамика. Ако се има предвид големината на локацијата и работите што треба да се завршат – патна инфраструктура, водоводна и електрична инсталација, тешко може да се претпостави дека зоната ќе биде готова до крајот на март идната година.

Инаку, просторот во комбинатот „Македонка“ е на државата и како потенцијал за инвеститорите е ставен на веб-страницата на Дирекцијата за технолошки развојни зони што се нудат во Македонија. Но, местото е прилично руинирано, бидејќи петнаесетина години нема сопственик.

Од друга страна, менаџерскиот тим на „Весна Сап“ применува друга стратегија во промоција на слободните 30.000 квадратни метри во рамките на оваа фабрика во кои евентуалните инвеститори можат веднаш да почнат со својата дејност. Овде свој простор за работа и инвестирање веќе најде хрватската фирма „Стража“.

„Зоната ја промовиравме со доставување материјали до сите странски амбасади во државава. Ги информиравме за поволностите, за капацитетите и за тоа дека оваа индустриска зона е на најконкурентна локација во Европа“, вели Тоше Тошевски, директор на „Весна Сап“.

Странските амбасади се информирани дека оваа приватна индустриска зона има слободен пристап до 650 милиони граѓани на Европа, дека до најголемите европски дестинации производите се транспортираат за најмногу два дена, дека комплексот се протега на 250.000 квадратни метри, дека од регионалниот пат Пробиштип – Штип - Скопје е оддалечена само 20 километри, а од железничката пруга Кочани – Скопје нецели десет километри...

„Информиравме и за слободната конкурентна работна сила во Пробиштип и околината, како и за бруто платата во нашата општина која е со просек од 390 евра. Во информацијата ја ставивме цената на водата и на струјата“, објасни Тошевски.


#
Статијата е прочитана 1123 пати.

Испрати коментар

Од: Трпе
Датум: 26.11.2010 12:18:12
Како тоа да нема странски инвеститори?Има тие се наредени и чекат на граница.Само чекат да видат пастирот што ке им побара за неговата партија.Зарем инвеститорите се глупи да не инвестират во РМ,кога им е познато дека овде е најефтината работна рака на балканот.Најпрво чекат да видат ,колкав ке им биде долгот кој мора да го дадат во четри очи на рака.
Од: Makedonec Patriot
Датум: 26.11.2010 14:31:23
kakvi stranci be tokmaci, jas sum Makedonec, dolgi godini ziveev vo dijasporata, se vrativ da investiram vo Makedonija vo biznis, razocaran sum kako prvo od moite makedonci a posle od se drugo, i posle zosto brojkite za stranski investicii bile tolku mali, mislite strancite glupavi se??? vie tuka ste najpametni zatoa nemate pari corapi da si kupite
Од: snajper
Датум: 26.11.2010 15:45:14
koi zoni koi gluposti.. seto e toa nacionalizacija na zemjisteto zatskrieno zad ovaa farsa.. uslovite za investicii se vo nasoka da se sprecat investiciite i da ne se dozvoli stranski kapital do go narusi vladeenjeto na koalicijata sdsm-dpmne
Од: Strelec bez snajper!
Датум: 27.11.2010 03:02:01
Komentatorot "snajper" kako so igla tocno pogodil ! KOj so kogo pravel pazar a vamu glumat ludilo! Velija i Grujo se pazarile da izlaziraat 26 milioni, pa velija otkazal veli samo 4 milioni bea,,,i brgu opsada na A1 i firmite na velija. Pa toa e samo mala "masina za perenje" pari vo sporedba so peralnicite za pari pod kontrola na segasnata vlast i prethodnata vlast (a niven biznis partner). Se e kako Laki Luchiano i Al Capone..."Kum" na makedonski nacin...do deka ne se pojavi Robert De Niro da im gi pobrka smetkite so NAROD!

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Носталгија по свинските полутки и евтините кредити
Колку чини идентитетот на македонските граѓани?
Стратегија „на два ума“
Балкански граници на апсурдот
Саша Огненовски најдобар фудбалер во Азија
Нова енергија за женско будење
Милионски проневери во фирмите на "Перо Наков" бб
Солунскиот градоначалник Јани
Бившиот обвинител стана лустрационен бранител
Направи хаос во скопскиот дом за деца без родители
Свештеник осуден за злоставување на 155 деца
Фалсификат на оригиналот
Тајванците без визи ќе се шетаат низ Европа
Куса памет и долги прсти
Сиромаштијата завладеа со светот
Убавината и спокојот во домот зависат од мајката
 


Reorganisation of Croatian territories essential
Moldova elections fail to break political stalemate
Romanian national celebrations cause scandal in Hungary