Број 3442  петок, 26 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter

Колку чини идентитетот на македонските граѓани?

Сајбер-криминалот станува примарна закана не само за компјутерските мрежи, туку и за граѓаните и за деловната заедница

Александрија Стевковска


Од два до 50 долари достигнува цената на податоците од вашите кредитни картички на црниот пазар. Ундерграунд економијата цвета. Нејзини најчести цели се електронските податоци што секој граѓанин ги поседува, без оглед дали станува збор за кредитни картички, извештаи за нив, и-мејл адреси, податоци од готовински услуги.

Сајбер-криминалот станува примарна закана не само за компјутерските мрежи, туку и за граѓаните и деловната заедница.

„Утрински весник“ на оваа проблематика ќе се осврне во неколку наврати во идните изданија на весникот.

Како што се развива сајбер- криминалот, така се развива и многу пософистициран криминален бизнис- модел, што ќе придонесе денешните закани да станат многу посериозни. Вебот ќе продолжи да биде број еден „инфекциски“ фактор од каде што ќе се шират штетните програми што се дизајнирани да крадат информации.

Сајбер-криминалот е дефиниран како незаконски чин што се прави со употреба на компјутерски добра, каде што софтверот или хардверот инсталирани на компјутерот се употребуваат директно во извршувањето на криминалното дело или, пак, доброволно го овозможуваат вршењето криминал. Криминалот се изведува со некаков вид компјутер или сајбер- функција.

Најновиот извештај на „Семантек корпорејшн“ покажува дека се зголемува кражбата на податоци, но и креирањето „малициозни“ програми, што за своја цел имаат претпријатија и влади, како би ги краделе нивните информации што можат да се употребат за финансиска добивка на подземниот пазар на сајбер-криминалците. Кога оваа информација еднаш ќе биде украдена, криминалците им ја продаваат на заинтересираните страни, кои, пак, тогаш ќе ја искористат за натамошна финансиска заработувачка.

Сајбер-криминалците своите најголеми добивки ги стекнуваат од неискусните Интернет-корисници. Подземната економија има созреано во добро организиран глобален пазар каде што украдената стока и услугите поврзани со измама регуларно се продаваат и се купуваат, а каде што проценетата вредност на стоката што се нуди од индивидуалните трговци се мери со милиони долари. Онлајн-криминалните заедници не се нови, но активностите растат како дел од природната еволуција на овој вид криминал.

За време на истражувањето на онлајн-заедниците, аналитичарите на „Семантек“ лоцираа многу комуникациски канали за изведување различни видови измами. Сајбер-криминалците се обидуваат да употребат одредени слабости за да можат да добијат контрола врз жртвата-домаќин или, пак, вршат размена на украдени привилегии, лозинки, броеви на кредитни картички и друга информација што би била раширена за натамошен напад од страна на други.

Во направените истражувања за основните причини поради кои се пробиваат податоците, преовладуваат три главни типа: добронамерни инсајдери, целни напади и малициозни инсајдери.

Целните напади се најчесто овозможени ненамерно, односно случајно од страна на добронамерните инсајдери што не се придржувале кон политиките за безбедност, што придонело за пробивањето.

Во повеќето случаи причината за пробивањето е предизвикана од комбинација на сите овие фактори. Често опишани како „crimeware”, алатките на сајбер-криминалот вклучуваат програми што можат да бидат класифицирани како ботови, keystroke loggers, spyware, backdoors и тројанци.

Ниту еден систем за заштита или антивирус не може да ја обезбеди и заштити најслабата точка во компанијата, а тоа се неинформирани и невнимателни вработени. Тоа важи и за домашните корисници.

Поради тоа, една од најдобрите и најважните стратегии за подобрување на сигурноста е да се зголеми свесноста за ризици кај сите корисници.

Корисниците мора да бидат свесни за заканите што можат да ја злоупотребат нивната доверба и да ги заобиколат традиционалните сигурносни механизми. Со зголемувањето на користењето Интернет ќе дојде и до зголемување на сајбер-криминалот. Иако виртуелно секој корисник е изложен на ризик, ранливоста може значително да се намали доколку корис��иците сфатат како функционира сајбер-криминалот, научат како да ги препознаваат начините на кои се вршат измамите и како да ги преземат потребните чекори за да ги заштитат информациите и системите.

Со развиена свест за сигурноста, сигурносните технологии и најдобрите сигурносни практики, луѓето можат да продолжат да уживаат во предностите и во моќта на Интернетот, но во посигурно и позаштитено опкружување.

Компанијата „Семантек“ ја има една од најголемите бази на податоци за ранливост во светот, која опфаќа повеќе од 72.000 технологии од повеќе од 11.000 дилери. „Семантек“ интелигентно собира малициозни кодови од повеќе од 133 милиони клиенти, сервери и гранични системи.

Дополнително, дистрибуираната мрежа „хонеспот” на „Семантек“ собира податоци речиси од секаде во глобални рамки, ги забележува претходно непрепознаените опасности и напади и дава корисни видувања за методите на напаѓачите.

Како да се заштитите од онлајн-измама:

Не одговарајте на спонтани и-мејл од непознати испраќачи што ви бараат лични податоци, не кликнувајте на УРЛ-линковите во сите сомнителни и-мејлови. Не оставајте свои лични податоци на сомнителни и непознати веб- страници. Кога ги посетувате веб-страниците на банките во кои имате свои сметки или кредитни картички, прво осигурете се дека сте ја внеле директно во Интернет-пребарувачот точната УРЛ-адреса на веб-страницата на банката, а потоа впишувајте ги своите лични податоци.

Проверете и осигурете се дека вашиот оперативен систем е редовно ажуриран со најновите дефиниции и закрпи од производителот, при што ќе се заштитите од можно искористување на ранливите точки на неажурираниот оперативен систем, што може да бидат позната цел за напаѓачите. Пред да пополните каков било онлајн-образец, дури и од познати и сигурни веб- страници, побарајте го на таа веб-страница и прегледајте го т.н. „прајват стејтемент“. Доколку е мож��о, секогаш исклучувајте ја можноста од споделување на вашите информации со трети страни.

Пред да се согласите да симнете софтверска апликација од Интернет, претходно целосно прочитајте го договорот за лиценци со крајниот корисник. Повеќето од софтверските апликации што можат бесплатно да бидат симнати од Интернет. Периодично проверувајте ја сигурноста на својот компјутер со алатки слични на „семантек секјурити хекц“.

Не дозволувајте компјутерските апликации да ги зачуваат и запомнат вашите лозинки или броеви на кредитните картички. Менувајте ги често сите лозинки и не ги споделувајте со други лица. Исто така, многу значајно и важно е да креирате стабилни лозинки од најмалку шест карактери составени од комбинација на букви, бројки и симболи.

Не користете исти лозинки на повеќе места, на пример, да не се користи лозинката со која се најавувате на домашниот компјутер или на работа за најавување на разни веб-портали или и-мејл веб-сервери на Интернет.

Користете антивирусни и антиспам софтвер за да се заштитите од заканите од Интернет. Продуктите од производители, како што е „Семантек“, можат да ви помогнат да бидете заштитени и вие или вашата компанија од хакери, малициозни кодови, спамови, спајвери и други онлајн-закани.

Напомена:

При пишувањето на оваа статија се користени информации, документи и истражувања објавени од компанијата „Семантек“, светски лидер за ИКТ- безбедност, а во соработка со компанијата „Некст сенс“, како „Семантек“ - овластен партнер со специјализација за безбедност и заштита. Повеќе информации во врска со темата на оваа статија може да најдете на www.seebiz.net.mk/cybersecurity . (А.С.)


#
Статијата е прочитана 3356 пати.

Испрати коментар

Од: student
Датум: 26.11.2010 14:22:28
cini........Evropska Unija
Од: do "student"
Датум: 26.11.2010 16:26:18
Da, EU cini. Citaj poveke, ne si voospto informiran, za tvoe dobro.
Од: Shitbank
Датум: 27.11.2010 01:00:38
Najgolemiot kriminal se pravi preku bankite koi ja dovedoa evrounijata vo kolaps. Bakite davvaa krediti na odredeni zapadnjaci da gi kupat drzavnite kapitali vo istocna evropa, ali toa bea virtuelni pari za neproduktivni biznisi. PA go APNAAAA kriza kriza krizaaaaaaaa. I pak drzavite gi amnestiraat bankite. Koj kriminal na covestvoto. Evropskite ekonomii ne se bazirani na produkt ili industrija nego na propagandi i izmislici.....krivo mi e sto nekoi motori sakat da ne stavat vo toj kazan poln so fikcija.

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Носталгија по свинските полутки и евтините кредити
Стратегија „на два ума“
Балкански граници на апсурдот
Саша Огненовски најдобар фудбалер во Азија
Нова енергија за женско будење
Милионски проневери во фирмите на "Перо Наков" бб
Солунскиот градоначалник Јани
Многу зони околу Штип, ни трага од инвеститори
Бившиот обвинител стана лустрационен бранител
Направи хаос во скопскиот дом за деца без родители
Свештеник осуден за злоставување ��а 155 деца
Фалсификат на оригиналот
Тајванците без визи ќе се шетаат низ Европа
Куса памет и долги прсти
Сиромаштијата завладеа со светот
Убавината и спокојот во домот зависат од мајката
 


Reorganisation of Croatian territories essential
Moldova elections fail to break political stalemate
Romanian national celebrations cause scandal in Hungary