Број 3442  петок, 26 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter

Си велам

Солунскиот градоначалник Јани

Ерол Ризаов

Кога ќе се збратимат двата главни града на Македонија, Солун и Скопје?

Дали можете да замислите нашиот градоначалник на главниот ни град, Коце Трајановски, да ја даде следната изјава: нема поставување антички споменици во Скопје додека нашите комшии го доживуваат тоа како навреда и провокација. Нам не ни треба пославно минато од ова што го имаме. Античката историја и нејзиното културно богатство му припаѓаат на целиот свет. Македонија не е само македонска, ниту само грчка. Кога ќе ги надминеме проблемите за името со двојна компромисна формула и кога ќе воспоставиме меѓусебна доверба, заедно со нашите јужни соседи ќе ги откриеме спомениците на античките јунаци што им припаѓаат и на Грците и на Македонците, но се и оставнина на старите цивилизации обележана со крупни букви на светската културна мапа. Во тоа е и нивната голема вредност. Нема да градиме само споменици, туку ќе градиме заеднички мостови и патишта за трајно пријателство како што им прилега на први комшии. Историјата им ја препуштаме на историчарите. Ние се вртиме кон иднината во интерес на нашите граѓани. Го повикувам мојот колега, солунскиот градоначалник Јанис Бутари, да го посети Скопје. Сакам да му предложам збратимување на Скопје со Солун, двата главни града на Македонија.

Сигурно можете за миг да помислите каков политички земјотрес би предизвикало ако нашиот Коце го изговори ова јавно. Не можете да замислите, нели? Не можам ни јас. А најмалку тоа може да го замисли Коце Трајановски. Да го сони тоа ќе се преплаши, а не да го каже најаве.

Она што не може да го помисли Коце, веќе го кажа новиот солунски градоначалник Јанис Бутари. А, што рече Јани? Па кажа нешто што многу кажува. Нешто што е за восхит, нешто што е многу храбро, нешто што изненадува и дава надеж. Јани не прифаќа грчко ерга омнес, не прифаќа исклучивост за сите употреби. Целата грчка стратегија за промена на уставното име на Р. Македонија за сите употреби, без милиметар отстапка, ја шутна како идиотизам и екстремизам. Јанис ја обвини својата влада и мнозинството Грци: зошто да ни пречи двојната формула. Треба да престане фанатизмот од типот Македонија е грчка. Кој има приговор дека Македонија е грчка - прашува градоначалникот и одговара: Јас, вели Јани, особено јас бидејќи сум Влав. Треба да ги убедиме фанатиците дека туристите од нашиот северен сосед не можат само да ни оставаат пари по супермаркетите и хотелите - кажа Јани.

Градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис, најавува дека ќе гради споменик на солуњанецот Кемал Ататурк, таткото на современа Турција, голем реформатор и војсководител што ги порази катастрофално Грците во татковинската војна од која раните никогаш не се излечени во соседна Грција. Човекот што ги фрлаше Грците во море ќе има споменик во својот роден град Солун. Дури и со помисла сето ова да не е искрено кажано вчудовидувачки е храбро јавно да се изговори во грчки медиум. Да се надеваме дека весникот „Етнос“ не направил измислено интервју и фалсификат.

Дали е ова само излет на контроверзен градоначалник или навистина подадена рака на пријателство. Фасцинира сознанието дека солуњани добро ги знаат од поодамна ставовите на својот нов градоначалник и затоа му дале доверба. Не случајно конзервативниот солунски митрополит Антимос во предизборната кампања изјави никогаш нема да дозволи Јанис да стане градоначалник. Но, стана ете и без негов благослов. И тоа можело. Така сакале мнозинството солуњани.

Градоначалникот на Солун уште вели: за мене патриотизмот не значи дека треба цело време да мавтам со грчкото знаме. Си велам... патриотите наши и ваши, во суштина кукавици, ги прават најг��лемите пречки меѓу граѓаните на Република Грција и на Република Македонија. Прв од актуелните власти на двете држави, солунскиот градоначалник им фрли ракавица на лажните патриоти. Симнувам капа.

Ете, вакви работи може јавно да каже еден градоначалник на Солун - кандидат на ПАСОК, кој по 24 години, првпат ја освојува оваа силна позиција, без да има амин за тоа од Јоргос Папандреу. Но, сигурно знам дека не Коце Трајановски, туку и последниот функционер од последниот ешалон на ВМРО-ДПМНЕ не може да гукне ниту една буква што нема да му се допадне на Никола Груевски. Особено не за односите со Грција. Се разбира, добро е за ова да знаел Папндреу и да го охрабрел Јанис. Познавачите на грчките околности кажуваат дека солунскиот градоначалник го направил тоа на своја рака како сопствено убедување. Но, тоа гледано од наш аспект, јасно ја отсликува разликата во демократските дострели ако во ништо друго барем во позициите на градоначалниците. Не ја идеализирам грчката демократија. Напротив, мислам и често го пишувам тоа дека Грција повеќе е заглибена во балканштина, нетолерантноста, национализмот и шовинизмот отколку другите земји на Балканскиот Полуостров. Но, ова што го направи Јанис докажува дека не е се' изгубено, дека има луѓе на одговорни позиции што размислуваат поинаку и што не се стеснуваат јавно да го кажат тоа.

Веројатно е и тоа дека солунскиот градоначалник повеќе ги соопштел овие свои изјави за домашна употреба и пратил јасна порака до своите гласачи знаејќи што очекуваат од него, можеби и во иднина ќе не' изненадува со контроверзни пораки што нема да ни се допаднат, но едно е сигурно - човекот им се спротивстави на солунските и грчките фанатици исклучително храбро за балканските простори.

Со што ќе возврати нашиот градоначалник. Дали Коце ќе тера покроце или ќе дрмне една силна пријателска возвратка до неговиот колега од Солун и ќе ја прифати подадената рака. Останува да видиме и да се надеваме. Според амбиентот што се гради во Р. Македонија и во Грција, очигледно, не му е многу полесно на еден наш градоначалник да им се спротивстави на домашните патриоти отколку што му било лесно на Јанис во Солун. Не дека таму нема уште поголеми фанатици од нашите што се во спрега со власта или седат на највисоки позиции во власта, туку изгледа Јанис има поголеми мадиња од нашите евнуси.


#
Статијата е прочитана 2800 пати.

Испрати коментар

Од: Hari
Датум: 26.11.2010 12:31:44
Odlicen osvrt koj ja pokazuva tocno momentalnata situacija. Nacionalizmot vo Grcija kako da splasn ama zatoa nacionalizmot kaj nas seuste nikako da popusti. Kako bi se odvival grabezot na stoletieto ako ne so nacionalizam i populizam. Zamerka do avtorot , sporeduvate babi i zabi, Jani i Koce, toa ne se sporeduva. Jani e gradonacalnik a Koce e selonacalnik.
Од: Aleksandar Makedonski
Датум: 26.11.2010 13:25:56
Како новинар би требало да сте подобро информирани! Пред 2 години во Скопје донесов 2 преставника на невладино здружение кое брои преку 50 членови кои со години во Грција се противат на политиката на владата. Доставија барање до грчката влада на нашата земја да и се дозволи да се вика Македонија како што со векови се викала. за истото сите членови беа осудени! но благодарение на интервенцијата од ЕУ беа ослободени! Никој неможе против фактите! А Јани Бутари е уште еден човек со реални размислувања и логично е што даде таква изјава.
Од: tihi
Датум: 26.11.2010 13:27:40
Koga ke svati avtorot deka nie se branime ,a tie napagaat.Nikoj nisto ne im osporuva na Grcite ,tie se tie sto osporuvaat.Ako i ima naglasen patriotizam kaj nas , toa e daleku od nivniot sovinizam.Zatoa rabotite nemozat da se egaliziraat.Vo sekoj slucaj za pozdrav e solunskiot gradonacalnik.
Од: tulko drdeski,tetovo
Датум: 26.11.2010 13:34:57
Odlicen tekst,kako i obicno.Sporedbata sepak e nelogicna.Nie dlaboko sme zagazeni vo sopstveniot nacionalizam,lazen patriotizam i sekakva smrdea.Ne moze da ocekuvate bilo kakvo "istrcuvanje" posebno od nivoto na Koce i kompani.Za civilizaciso nivo se raboti.
Од: Од Авторот
Датум: 26.11.2010 14:18:55
До Алаксандар Македонски. Не станува збор за спротивставување на официјалната политика од страна на новинари и невалдини активисти и организации, па дури и опзициони политичари.Такви има повеке во двете земји. Туку се работи за прв пат за став на висок преставник на партијата на власт кој има поинаков став од официјалната политика. Тоа е јасно назначено во текстот. Не сте виделе Александре Македонски.
Од: ne e bitno
Датум: 26.11.2010 14:35:39
Dobar tekst, sakam samo isto da kazam deka sepak megu Grcija i nas sporedba ne se pravi, tie preteruvaa so nacionalizmot isto taka, no se znae za sto-vidovme do kade ja dovedoa zemjata nivnite "patrioti", za sreka EU im pomgna. Nasite "patrioti" se uste ja vodat Mk u p.m. i nikoj se sute ne se razbudil, a se plasam i deka nema nikoj da se razbudi. Niti pak EU ke ni pomogne.
Од: Mapkoc
Датум: 26.11.2010 15:21:44
Авторот посочува: „Веројатно е и тоа дека солунскиот градоначалник повеќе ги соопштел овие свои изјави за домашна употреба„. Не сум сигурен дека ова „држи вода„, a не е сигурен ни авторот, што произлегува од неговата последна реченица. Али океј! Тогаш ГО ПОВИКУВАМ г. КОЦЕ ТРАЈАНОВСКИ И ТОЈ ДА ДАДЕ СООДВЕТНА ИЗЈАВА „ЗА ДОМАШНА УПОТРЕБА„. Па бргу ќе видиме колку „Сатурн„ ќе биде милостив спрема неговите акции на политичка сцена.
Од: koki
Датум: 26.11.2010 15:26:29
Ne sum siguren deka Solun e roden grad na Kemal Ataturk druze Erol.
Од: Pogled vo ogledalotoi
Датум: 26.11.2010 15:32:57
Izjavata na solunskiot gradonacalnik e za pozdravuvanje no da znaete deka ima i drugi grci intelektualci koi mislat deka ovaj spor e iracionalen. No treba da se pogledame i nie vo naseto ogledalo i da si kazime nekoi raboti. Na Grcite ne im smeta R. Makedonija kako drzavana Balkanot ,Nim im smeta sto sakama da go prisvoime eksluzivnoto pravo na geografskiot prostor Makedonija, ima smeta sto izgradbata na spomenici ja pravime ne so cel na pietet kon tie licnosti no so nameri na posvojuvanje na istorijata na anticka Mak. proglasuvajci se za edini naslednici i otkazuvajci se od slovenskite koreni., im smeta sto pokazuvame teritorijalni pretenzii i zelba za Belomorska Mak. i Solun, koj nikogas ne bil makedonski, odnosno vracanje na sostojbata pred 1912 g, a ne sme svesni deka toa ne e mozno i deka toa e gotova rabota. Inakum Grcite nemaat nisto protiv nasiot identitet i jazik, ako ne se manifestiraat gorenavdenite raboti.
Од: karokan "gambit"
Датум: 26.11.2010 15:34:43
Vece pisuvav na ova tema uste so izleguvanjeto na informacijata za stavot na gradonacalnikot na Solun,taka sto nema da se povtoruvam.Samo edna ( licno moja) zabeleska.Ne znam zosto ja pravite sporedbata so Trajanovski,koga toj e gradonacalnik na nasiot glaven grad,a Janis na vtoriot po golemina grad vo Grcija.(Trajanovski moze i da se navredi,zosto nemo mu e pandan gradonacalnikot na Atina)..Taka sto sporedbata treba da se pravi megju niv dvajcata.Pokraj sto se gradonacalnici na glavnite gradovi na dvete zemji,mnogu e verojatno deka i po osnov na "patriotskata linija) se slicni-dvajcata dlaboko zakopani vo svoite rovovi!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! Mozebi na ist nacin treba da se odvazi eden Taleski-gradonacalnik na Bitola,em vtor po golemina grad vo nasata zemja ,em pogranicen,kakov sto vprocem e i Solun. Minatiot pat pravev paralela ( ne Felixova) pomegju Janis i Zaev,ama samo po odnos na kicmite!!!!!!!!!
Од: snajper
Датум: 26.11.2010 15:41:32
so tetovazi na ruskata mafija i salamanderi po racete nema sto mnogu da se ocekuva od uste eden stalinisticki bagabont
Од: sladj
Датум: 26.11.2010 16:40:31
@koki..druze. Mustafa Kemal Ataturk e roden na 19 Maj,(Bik vo horoskop) 1881 godina vo Selanik-Solun-Thesaloniki-Saruna-Salonika. Da zivee Google!! Pozdrav za Gradonacalnikot Butaris!
Од: 3G,bottom line:NO DEAL!
Датум: 26.11.2010 17:27:45
Duri i da ne se somnevam vo dobrite nameri i osobeno vo odgovornosta(na sto naveduva kovertiranata promena na imeto pred Bukurest), sepak ne se soglasuvam i ne mislam deka prasanjeto za imeto e identitetsko prasanje bidejki prasanjeto e moralno i politicko. Imeno, ako se zeme vo vid faktot deka makedonskiot jazik i makedonskata nacija se oficijalno etablirani kako takvi vo OON i priznati od nad 120 zemji, izleguva deka makedonskiot identitet e problem samo na Grcija. Zosto pak problemot e politicki i zosto moralen? Politicki e zatoa sto Grcija so pomos na EU saka BJRMakedonija da ja napravi samo edna provincija od celokupnata teritorija Makedonija koja e grcka po osnova na najgolemiot del i spored toa Grcija e stake holder. Prasanjeto e moralno bidejki pak so pomos na EU Grcija saka BJRMakedonija i Makedoncite da go platat nejziniot moralen dolg ili potocno bankrot(kako sto Kina i go plaka finansiskiot bankrot) za zlostorstvoto vrz Makedoncite i nivnoto etnicko cistenje. Zatoa, NO DEAL
Од: spire
Датум: 26.11.2010 17:46:44
Ne ne moze KOCE ni da pomisli da kaze nesto kontruktivno bidejki VMRO-vcite odma ke go vteraat vo APS........ a tamo ne mu gine KOFATA SO VODA..........
Од: ФЕЛИКС
Датум: 26.11.2010 17:49:19
Читам да г-дин Ризаов ретерира во своите ставови па така сега срамежливо му благопријатно звучи двојната формула а и ни ги обелоденува познатите ставови(за кого како) на соседот со ерга омнес идеата.Инаку се слагам со останатиот дел од написот во кој со право велича солунскиот градоначалник кој е можеби да се надеваме е носител на поинакво однесување.
Од: Zoki
Датум: 26.11.2010 21:14:06
sto lupetate ... dodeka Makedonija pokazuvase dobra volja na slicen ancin .. so menuvanje na znameto na nivno baranje , so prifajkanje na referenci i 300 drugi gluposti , tie ni vozvrakjaja so 4 god zatvorena granica... i sve ostanato sto ni go pravea vo site megjunarodni organizacii .. krajno ponizuvacki ...Odea do tamu da na nasite oficeri vo megjunarodnite ednici da im gi izvadat bedjovite so grbot na makedonija na nivnite uniformi zato sto im smetase toa .. Znaci koga pocnavme da vozvrajkame na kolku tolku slicen nacin nepopustanje i tvrdoglavost kako niv... sto im preostanuva sega nakon tolku godini takva Politika ??? Da ja promenat .. posto i samite se svesni da ako nastavat vaka koga togas ja gubat ovaa borba posto i realnosta i faktite i intelektualniot svet se na nasa strana . Znaat tie deka nema sila niti zakon vo svetot sto mozi da osporuva nekogo da se deklarira kako saka i da se vika kako saka .. . I ova im e del od nivnata pokvarena politika
Од: ucitelkata
Датум: 26.11.2010 23:13:06
Mnogu politicki nasocen tekst pod rogozina. Pu, sramota , jz'k da ti !!! Kakvi dogovori, kakva Makedonija ne e nasa!!!! Od takvite prodadeni dusi ne ne biduva. Golemi kosmopolitani!!! I gakite si gi dadoa za dzabe samo da bidat kako zapadot. Ovoj tekst ne e voopsto za solunskiot ili skopskiot gradonacalnik. Ima druga poraka za strizenje na ovcite vo MK.
Од: gokimk
Датум: 26.11.2010 23:29:59
SEKOJA CEST ZA OSVRTOT...BRAVO...
Од: dimitar
Датум: 27.11.2010 06:43:41
Gospodine Rizov Jani ne vika "Skopjani" i ne mislam deka nekade rece Republika Makedonija Denot koga ke pocnat da ne vikaat Makedonci site problemi (pred se nivni) ke bidat reseni
Од: George
Датум: 27.11.2010 10:47:32
Г-н Ерол, велите вака:„Античката историја и нејзиното културно богатство му припаѓаат на целиот свет. Македонија не е само македонска, ниту само грчка.“ Па доколку е така, зошто тогаш на нашиот јужен сосед би му пречело дали ке се направел споменик во Брисел или Бон, во Стокхолм или Скопје? Се прашувам колку е тешко да се разбере дека на нашиот јужен сосед ништо не му пречи, освен кога се работи за Македонија. Од тоа човек може да заклучи дека имаат комплекс на пониска вредност, нели? А вие како новинар и уредник треба да разберите дека ние сме нападнати од огромна сила и имаме право да се браниме. Колку тој напад да се оправдува или намалува, сепак е напад. (Се разбира, секоја чест на исклучоци.)

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Носталгија по свинските полутки и евтините кредити
Колку чини идентитетот на македонските граѓани?
Стратегија „на два ума“
Балкански граници на апсурдот
Саша Огненовски најдобар фудбалер во Азија
Нова енергија за женско будење
Милионски проневери во фирмите на "Перо Наков" бб
Многу зони околу Штип, ни трага од инвеститори
Бившиот обвинител стана лустрационен бранител
Направи хаос во скопскиот дом за деца без родители
Свештеник осуден за злоставување на 155 деца
Фалсификат на оригиналот
Тајванците без визи ќе се шетаат низ Европа
Куса памет и долги прсти
Сиромаштијата завладеа со светот
Убавината и спокојот во домот зависат од мајката
 


Police raid on Macedonian TV station causes outcry
Montenegro accession talks should not be postponed, says EP
MEPs voice concern over eurosceptic Croatia