Број 3442  петок, 26 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter

Саша Огненовски најдобар фудбалер во Азија

Австралиецот со македонско потекло беше повикан од Катанец да дебитира за нашиот тим против Молдавија лани, но немаше македонско државјанство

Сашко Ѓ. Димовски

Австралиецот со македонско потекло, Саша Огненовски (31), дефанзивец на јужнокорејскиот прволигаш, Сеонгам Илхве, е прогласен за најдобар фудбалер на Азија за 2010 година. Во конкуренција на клубови победи неговиот тим, најдобра репрезентација на континентот е Јапонија, а признанието за најдобар азиски тренер заврши кај јапонскиот селектор, Такеши Окада.

„Ова е големо признание за мене меѓутоа мора да бидам искрен и да кажам дека правилата при доделување на оваа награда се контроверзни. Не е фер добитникот да мора да присуствува на прогласувањето, во спротивно испаѓа од конкуренција. Некои фудбалери кои ја заслужија оваа награда токму поради тоа беа изземени од конкуренција“, рече 31 годишниот фудбалер од македонско потекло.

Ова што го рече Огненовски, пред се, се однесуваше на Јапонецот Кеисуке Хонда од ЦСКА Москва, Јужнокореецот Парк Ји Сунг од Манчестер Јунајтед и Австралиецот Тим Кејхил од Евертон кои поради клупски обврски не беа во можност да присуствуваат на свеченоста, па автоматски беа избришани од листата со кандидати.

Саша Огненовски е роден на 3 април во 1979 година во Мелбурн. Игра на позицијата централен дефанзивец и најголем дел од својата фудбалска кариера, до 2009 година, ја мина низ клубови во Австралија (Престон Лајонс, Мелбурн Најтс, Фаукнер Витлс Блус, Квинсленд Роар, Аделаида Јунајтед). Во меѓувреме, една година (2002-2003), настапуваше во Европа, во Панахаики, моментно третолигаш во Грција. Моментно е член на јужнокорејски Сеонгам Илхва, актуелен освојувач на азиска Лига на шампиони, тим за кој досега одигра 60 натпревари и постигна пет гола. Огненовски е капитен на екипата и ги предводеше своите соиграчи до трофејот во ЛШ на Азија по триумфот во финалето над ирански Зоб Ахан со 3:1. Австралиецот со македонско потекло беше стрелец на првиот погодок во мечот за титулата, на крајот беше прогласен за играч на натпреварот, а ја понесе и наградата МВП во натпреварувањето.

Минатата година беше цел на неговиот сегашен клуб, но Аделаида ја одби првичната понуда на Јужнокорејците кои се неговите услуги изразија подготвеност да платат 275.000 австралиски долари (Австралијците бараа - 570.000). Подоцна двата клуба најдоа заеднички јазик по што дојде до реализација на трансферот иако во меѓувреме во трка по Огненовски се впушти и екипата на Сеул.

Огненовски беше и се' уште е во комбинација да ја претставува Австралија. Беше разочаран, откако поранешниот селектор на популарните сокероси Пим Вербек не го повика за квалификациите за Азискиот куп против Индонезија и Кувајт. Неговите желби и сништа се остварија оваа година кога наследникот на Вербек, Холгер Осјек, го повика за пријателскиот меч со Египет во Каиро каде Огненовски дебитира во австралискиот национален тим.

Во 2008 година доби признание за втор најдобар македонски фудбалер во странство по Горан Пандев. Додека беше селектор на Македонија, Среќко Катанец, го повика Огненовски, откако тој изрази подготвеност да дебитира за земјата од која води потекло. Словенечкиот тренерски стручњак сметаше на него за ланскиот пријателски меч со Молдавија на 11 февруари во Анталија, но на крајот беше принуден да се откаже од тогашниот дефанзивец на Аделаида од причина (официјална) што Огненовски не поседуваше м��кедонско државјанство кое, пак, за жал од технички причини не можеше да се обезбеди во кус временски период.


#
Статијата е прочитана 975 пати.

Испрати коментар

Од: Mite
Датум: 26.11.2010 14:55:56
Bravo !!... a imashe i edno desno krilo od Avstraliskata reprezentacija, isto so mk poteklo...
Од: Zoki
Датум: 26.11.2010 20:51:22
Valjda mislis na Trajanovski . Ne e krilo povejke e polutka . Igrase vo Shvajcarija i bese golgeter za timot tamu ... ali i nego ne go povikaa povejke vo reprezantacijata na Australije na cuenje na mnogu strucnjaci
Од: vlatce
Датум: 27.11.2010 00:17:11
potocno se vika Mile Sterjovski,koj igra vo Pert.
Од: Vancho
Датум: 27.11.2010 03:34:48
Se raboti za desnoto krilo Mile Sterjoski(po poteklo od Resensko) koj igrashe za Bazel od Shvajcaria i sega e vo Anglija vo nekoj vtoroligashki tim,inaku do neodamna Mile beshe reprezentativec na "kengurite"" pozdrav
Од: dimitar
Датум: 27.11.2010 06:32:13
Mislis na Mile Sterjovski

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Носталгија по свинските полутки и евтините кредити
Колку чини идентитетот на македонските граѓани?
Стратегија „на два ума“
Балкански граници на апсурдот
Нова енергија за женско будење
Милионски проневери во фирмите на "Перо Наков" бб
Солунскиот градоначалник Јани
Многу зони околу Штип, ни трага од инвеститори
Бившиот обвинител стана лустрационен бранител
Направи хаос во скопскиот дом за деца без родители
Свештеник осуден за злоставување на 155 деца
Фалсификат на оригиналот
Тајванците без визи ќе се шетаат низ Европа
Куса памет и долги прсти
Сиромаштијата завладеа со светот
Убавината и спокојот во домот зависат од мајката
 


Reorganisation of Croatian territories essential
Moldova elections fail to break political stalemate
Romanian national celebrations cause scandal in Hungary