Број 3442  петок, 26 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter

Свветлана Ражњатовиќ - Цеца

Направи хаос во скопскиот дом за деца без родители

Српската турбофолк ѕвезда Светлана Ражњатовиќ-Цеца пристигна во Скопје. Под силно обезбедување и полициска придружба, а по сопствена иницијатива, пејачката вчера напладне го посети Домот за деца без родители „11 Октомври“ во Скопје и на штитениците им подари влезници за претстојните концерти, закажани за вечерва и за утревечер во салата „Борис Трајковски“.

Доаѓањето на Цеца во Домот предизвика вистински хаос - штитениците ја пречекаа во народни носии, со приготвена погача и специјално за неа го испеаја хитот „Громе мој“, па на крајот во еден глас и' порачаа: „Те сакаме Цеца“. Таа не издржа, пушти и некоја солза, а веднаш потоа се скри во една од домските простории каде што даваше изјави за одредени медиуми. Во меѓувреме, почна битката за фотографирање - не се знаеше кој е поамбициозен, дали учителките, дали децата, но сите тие, иако во своја куќа, останаа да чекаат пред влезот на просторијата во која се наоѓаше нивната омилена пејачка. Некои од нив едвај поминаа покрај силното обезбедување, додека другите револтирано се надмудруваа со момците на влезот.

Целата мешаница на крајот ја налути и Цеца, која си замина оставајќи ги со празни раце не само новинарите што чекаа да земат нејзина изјава, туку и упорните дечиња кои со денови се радуваа на посетата, а сега мораа да се спасуваат под налетот на нејзиното обезбедување.


#
Статијата е прочитана 2858 пати.

Испрати коментар

Од: sonja
Датум: 26.11.2010 12:13:48
abe kaj deca vo dom ne se odi so dekolte do pupak.sramotilaci i za nea i za toa organizatorkata.dveta ista krvna grupa,rasipana.
Од: vladimir
Датум: 26.11.2010 12:35:37
do koga ke lazate aloooo dosta veke so manipulacii a da dojdese madona ke ja falevte samo zatoa sto e od zapad a hmmm
Од: mimi
Датум: 26.11.2010 14:44:53
e mnogu se istrosila vleznica za koncert a kolku ke naplati ne kazuva...
Од: Boris
Датум: 26.11.2010 18:44:34
Mimi i Sonja, Koga Blagica Pavlovska so beter rasvisnato deekolte i drugite nasi peraci na pari od estradata ke dojdat vo domot da podari 1 vleznica ke bidete merodavni da drzite "lekcii" za moral..Baska ne zaboravajte deka nasata drzava i danocnite organizatori placat da im dojde nekoj i oni da popolnat budjet i kasi bidejki mnogu mnogu ne ne mnozat na kartata..
Од: vaki
Датум: 26.11.2010 19:07:33
do damite sto komentiraa mislam deka stvarno ste iskompleksirani i sve sto e dobro popularno ai humano vi smeta pamislam deka site tie sponzorusi sto se setaat niz nasite gradovi i bedno se prodavaat na starci za 1kutija marlboro toa e strasno i odvratno a CECA e CECA polna so ljubov uspesi hitovi ispolneta majka pozdrav
Од: Ana
Датум: 27.11.2010 00:47:14
Ne e tolku vazno kako e oblecena, tuku koja e. Taa bese sopruga na eden od najgolemite kriminalci na balkanot i nikogas ne se ogradila od Arkan. Kako moze nekoj da ja velicha? Sram da im e na vospituvackite!

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Носталгија по свинските полутки и евтините кредити
Колку чини идентитетот на македонските граѓани?
Стратегија „на два ума“
Балкански граници на апсурдот
Саша Огненовски најдобар фудбалер во Азија
Нова енергија за женско будење
Милионски проневери во фирмите на "Перо Наков" бб
Солунскиот градоначалник Јани
Многу ��они околу Штип, ни трага од инвеститори
Бившиот обвинител стана лустрационен бранител
Свештеник осуден за злоставување на 155 деца
Фалсификат на оригиналот
Тајванците без визи ќе се шетаат низ Европа
Куса памет и долги прсти
Сиромаштијата завладеа со светот
Убавината и спокојот во домот зависат од мајката
 


Reorganisation of Croatian territories essential
Moldova elections fail to break political stalemate
Romanian national celebrations cause scandal in Hungary