Цензура за голата Џулијан Мур во Венеција
Фотографиите од најновата рекламна кампања на модната куќа „Булгари“ во која холивудската актерка Џулијан Мур (49) се појавува во провокативно издание, разголена само со една торба и две лавчиња, наидоа на цензура во Венеција. Фотките беа оценети како неподобни и забранети од страна на градоначалникот на градот, Џорџио Орсини, кој ги отстрани од плоштадот Свети Марко. „Реклама во која гола жена седи на тросед не е соодветна за Свети Марко“, изјавил градоначалникот. Сега на потег е „Булгари“, која ќе снима нова реклама, но овој пат со посодветен аутфит. |