Број 3374  петок, 03 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Забава

Познатите го оживуваат латинскиот во училиштата

Тетоважите на славните личности, како што се Дејвид Бекам и Анџелина Џоли, придонесуваат за популаризација на античкиот јазик

Се' поголем број ученици инсистираат на изучување латински јазик во своите училишта. Мотив плус за нивните барања се актуелните тетоважи на латински јазик ��а познатите личности, кои го оживуваат античкиот јазик во училишните клупи.

Учениците се' повеќе бараат да го изучуваат овој предмет, според бордот за испити, додека истетовираните познати личности, како што се Дејвид Бекам и Анџелина Џоли придонесуваат за зголемување на реномето на латинскиот јазик. Бордот за испити лансираше нови квалификации за изучување на латинскиот јазик, кој за своја цел ги има тинејџерите, бидејќи средните училишта се' повеќе го нудат овој јазик како предмет, без разлика дали станува збор за дел од наставниот план или како дополнителна настава.

Сепак, испитувачите ги повикуваат учениците да не ја земаат за пример моделката Даниела Лојд, чии латински тетоважи се полни со грешки. Додека тетоважите на Бекам и на Џоли се граматички точни, оние на Лојд се безначајни, посочуваат тие. Нејзината тетоважа „Quis attero mihi tantum planto mihi validus“, испишана на рамото, би требало во превод да значи „Вашето потценување ќе ме направи посилна“. Меѓутоа, експертите велат дека ако буквално се преведат зборовите, преводот би бил нешто како „Што јас трошам за мене само за мене силен“.

Бекам, пак, ја има тетоважата „Ut Amem Et Foveam“ што значи „Тоа што го сакам и ценам“ напишана на левата подлактица, додека, пак, на десната има истетовирано „Perfectio In Spiritu“ што во превод значи „Перфекција во духот“. Во меѓувреме, Џоли се одлучи за „Quod me nutrit me destruit“, што значи „Она што ме храни исто така и ме уништува“. Меѓу останатите познати личности што го прифатија овој тренд е и актерот Колин Фарел, кој има истетовирано „Carpe Diem“ или „Зграпчи го денот“ на левата подлактица.

Бордот за испити посочи дека училиштата и учениците се свесни за континуираното влијание на латинскиот и изразиле интерес во квалификациите да се препознае основниот резултат во предметот. Новиот сертификат за почетно ниво на латински е квалификација, која, најверојатно, ќе се изучува меѓу 13 и 17-годишниците. Учениците ќе бидат запознати со латинскиот јазик, вклучувајќи ја и листата од 100 латински збора. Тие, исто така, ќе изучуваат и некои аспекти од римската култура.

Континуираното влијание на латинскиот јазик во секојдневниот живот може да се забележи и во давањето имиња на бебиња. Се посочува дека три од топ четири женски имиња имаат латинско потекло - Оливија од латинскиот збор „оliva“ што значи маслинка, Емили од латинското „аemilianus“ и Грејс од „gratia“ што значи добра волја или добрина.

Пол Дод, квалификациски менаџер за јазици и литература при Одборот за испити, вели: „Латинскиот вокабулар имаше богато и трајно влијание врз англискиот, како и тоа што е основа за модерниот шпански, француски и италијански јазик. „Латинскиот јазик и култура одиграа голема улога во оформувањето на нашите интелектуални, литературни, уметнички и политички традиции“. (Дејли мејл)

Дејвид Бекам, фудбалер

Тетоважа: „Ut Amem Et Foveam“

Превод: Тоа што го сакам и го ценам

Тетоважа: „Perfectio In Spiritu“

Превод: Перфекција во духот



Колин Фарел, актер

Тетоважа: „Carpe Diem“

Превод: Зграпчи го денот



Анџелина Џоли, актерка

Тетоважа: „Quod Me Nutrit Me Destruit“

Превод: Она што ме храни, исто така, и ме уништува



Даниела Лојд, модел

Тетоважа: „Quis Attero Mihi Tantum Planto Mihi Validus“

Превод: (би требало да биде) Вашето потценување ќе ме направи посилна



Кит Урбан, кантри-пејач

Тетоважа: „Omni Vincit Amor“

Превод: Љубовта победува се'






#
Статијата е прочитана 533 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Забава
Кога сум гладен, тогаш сум опасен - гризам!
Призна и жали за прогонувањето на хомосексуалците
Роби Вилијамс издава нова книга
И по смртта, на суд поради неплатени сметки
Лекот за дијабетес го блокира развојот на ракот на белите дробови
Ракот се шири на вратот и на целата глава
Фатален, но долго игнориран епилептичен синдром
Цензура за голата Џулијан Мур во Венеција
Арогантните луѓе се несреќни