Број 3374  петок, 03 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Забава

МАЈКЛ ЏЕКСОН

И по смртта, на суд поради неплатени сметки

Покојниот пејач никако да го остават да почива во мир. Не само што постојано се јавуваат луѓе кои тврдат дека се негови деца и имаат право на имот или сакаат да го ексхумираат телото за повторна обдукција, сега, кралот на поп-музиката е повторно на суд - поради неплатени сметки.

Имено, Џексон е тужен од човекот што му ја изнајмувал вилата во Лос Анџелес, во која пејачот живеел помеѓу 2008 и 2009 година. Господинот Анер Иглесијас поднел тужба во која бара повеќе од 250.000 долари од Мајкл Џексон и неговите три деца поради штетата што ја нанеле, додека живееле на имотот. Тој смета дека се оштетени мебелот, техничките апарати, како што се алармот, телефонот, но и делови од дворот на куќата.

Иглесијас тврди дека пејачот знаел за неговата должност кон имотот, но не успеал да плати пред неговата ненадејна смрт во јуни 2009 година. Додаде дека ни малку не му е драго што ваквите нешта мораат да бидат презентирани на суд, но, едноставно, не знае како поинаку да се надомести направената штета на неговиот имот и можноста тој да се продаде за повеќе од 13 милиони долари на пазарот.


#
Статијата е прочитана 723 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Забава
Кога сум гладен, тогаш сум опасен - гризам!
Призна и жали за прогонувањето на хомосексуалците
Роби Вилијамс издава нова книга
Лекот за дијабетес го блокира развојот на ракот на белите дробови
Ракот се шири на вратот и на целата глава
Фатален, но долго игнориран епилептичен синдром
Познатите го оживуваат латинскиот во училиштата
Цензура за голата Џулијан Мур во Венеција
Арогантните луѓе се несреќни