Број 3374  петок, 03 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Забава

МАЈКЛ ДАГЛАС

Ракот се шири на вратот и на целата глава

За ракот на грлото, т.е. туморот што му беше дијагностициран во почетокот на август, а сега се' повеќе се шири, познатиот актер Мајкл Даглас го обвини својот порочен начин на живот, но и интензивните стресови со синот. „Во чадот од цигарите уживам со децении, исто како и во голтките алкохол, а стресот од претходната година сигурно додаде жар на целата ситуација“, раскажа 65-годишниот актер во неодамнешното шоу на Дејвид Летермен. „Ракот се прошири на вратот и на другите делови од главата. Туморот сега е во својата четврта фаза, односно, со оглед дека се прошири, потешко да се победи и е многу поопасен. Но, јас гледам на тоа како на лечење излечлива болест. Тоа е борба и јас ќе победам“, додаде Мајкл. Очигледно е дека стресот го предизвика неговиот син Камерон, кој во април заврши зад решетки поради продавање дрога. Инаку, неделава заврши со првата предвидена хемотерапија, која, како што рече Даглас, прилично го исцрпила, но полесно ја поднесува со поддршката што му ја дава неговата сопруга, актерката Кетрин Зета-Џонс. Актерката, пак, е многу лута на докторите зашто порано не реагирале и не ја откриле болеста на нејзиниот маж. Оваа 40-годишна убавица рече дека Мајкл повеќе пати се жалел на болки во увото и во грлото, но само пред три недели е дијагностициран туморот со големина на орев под неговиот јазик. „Лута сум на докторите. Требаше многу порано да го откријат туморот. Пројде низ сите можни тестови, а ништо не беше најдено“, рече Кетрин, признавајќи дека туморот претставувал вистински шок.


#
Статијата е прочитана 1735 пати.

Испрати коментар

Од: jean luc picard
Датум: 03.09.2010 02:03:52
има многу пари а со тоа и пристап до најдобрата здравствена заштита ама изгледа американските лекари ги префатил македонскиот вирус, чии симптоми се мрза, неодговорност, несовесност, нечовечност, себичност, ароганција, нестручност, незнаење, кукавичлук, бегање од проблемите наместо соочување и нивно решавање. и да не набројувам понатаму, ќе ми треба цела вечност...
Од: Vasko
Датум: 03.09.2010 05:05:52
Abe lugje. Koj go napisal tekstot za Majkal Daglas treba da licno da mu se zabrani da pisuva bilo sto za javnost. jas momentalno sum vo NYork i licno go gledav show-to so Dejvid Letarmen koga gostin mu bese Majkal Daglas. toa sto Majkal go kaza bese totalno sprotivno od ona sto go pisuva vo tekstot. On kazuvase deka e srecen sto rakot ne se prosiruva ni nagre kon glavata ni nadolu tuku e izoliran i deka se povlekuva a ovde vo vasiot tekst pisuva sprotivno. Kakva dezinformacija. Cista glupost.

Најди! во Утрински
Забава
Кога сум гладен, тогаш сум опасен - гризам!
Призна и жали за прогонувањето на хомосексуалците
Роби Вилијамс издава нова книга
И по смртта, на суд поради неплатени сметки
Лекот за дијабетес го блокира развојот на ракот на белите дробови
Фатален, но долго игнориран епилептичен синдром
Познатите го оживуваат латинскиот во училиштата
Цензура за голата Џулијан Мур во Венеција
Арогантните луѓе се несреќни