Број 3374  петок, 03 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Забава

Здравје

Арогантните луѓе се несреќни

Некои луѓе постојано се жалат и коментираат, како на пример: касиерката во продавницата е пребавна, пријателите постојано ги оптоваруваат со здодевни приказни, а соседот нема попаметна работа, туку да го полира автомобилот цел викенд. Луѓето што вака коментираат не з��оруваат само за оние што ги опкружуваат, туку и за себе самите, пишува весникот „Шпигел онлајн“.

„Начинот на кој ги доживуваме другите луѓе најмногу зборува за нашиот карактер“, вели Дастин Вуд, професор на универзитетот „Вејк Форест“ во Северна Каролина. Овој феномен професорот Вуд го истражувал подолго време заедно со група научници. Учесниците во студијата требало да ги набројат позитивните и негативните карактеристики на три различни лица. Притоа, пријателите морало меѓу себе да се оценуваат. На пример, студентите требало да ги опишуваат своите цимери од студентскиот дом, а вработените да ги опишуваат колегите. Врз основа на овие податоци, научниците можеле да видат како се чувствувале испитаниците, колку тие се ментално стабилни и како другите ги доживуваат.

„Позитивниот став за другите дејствува многу позитивно и на вашата личност“, смета професорот Вуд и додава дека тогаш и ние самите се чувствуваме среќни, добро сме расположени и емоционално сме стабилни. Кај негативните луѓе постои опасност од појава на нарцисоидност, се однесуваат асоцијално или, пак, имаат психички проблеми. Во студијата научниците велат дека секој човек може сам да биде добар психолог. „Доколку сакате некое лице подобро да го запознаете, тогаш само прашајте го да ви опише некој свој пријател или колега. Тогаш веднаш ќе дознаете за каков вид човек станува збор. Доколку сте позитивни, во секого ќе најдете и нешто добро“. (Дојче веле)


#
Статијата е прочитана 926 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Забава
Кога сум гладен, тогаш сум опасен - гризам!
Призна и жали за прогонувањето на хомосексуалците
Роби Вилијамс издава нова книга
И по смртта, на суд поради неплатени сметки
Лекот за дијабетес го блокира развојот на ракот на белите дробови
Ракот се шири на вратот и на целата глава
Фатален, но долго игнориран епилептичен синдром
Познатите го оживуваат латинскиот во училиштата
Цензура за голата Џулијан Мур во Венеција