Фидел Кастро
Призна и жали за прогонувањето на хомосексуалците
На бившиот претседател на Куба му е жал што своевремено ги прогонувал хомосексуалците. Фидел Кастро, згора на тоа, ја презеде одговорноста за прогонувањето на хомосексуалците по кубанската револуција. „Ако некој треба да е одговорен, тоа сигурно сум јас. Нема да ја префрлувам одговорноста на другите“, изјави Кастро за „Ла Хорнада“, еден од водечките весници во Мексико.
По револуцијата во 1959 година, власта тргна во акција, со која, покрај останатото, сакаше целосно да се ослободи од хомосексуалците, зашто сметаше дека се производ на капиталистичкото општество. Во 1960-тите и 1970-тите многу кубански хомосексуалци добија отказ, завршија во затвор без судење или во „работните логори за превоспитување“.
Кастро сега изјави дека е против геј-заедниците потчинети на „големите неправди“, кои произлегоа од традиционалната дискриминација на хомосексуалците на Куба и на која некогаш беа изложени Црнците и жените. Неговото оправдување, сепак, тргнува со фактот дека во тоа време имал полни раце работа со големи нешта, особено заканите на САД и најавувањата за атентат, па не стигнал да се позанимава со проблематиката на хомосексуалците. На Куба хомосексуалноста беше конечно декриминализирана во 1979 година. Денес се зборува за легализација на геј-браковите, а државното здравство на осигурениците им плаќа и за промена на полот. |