Број 3374  петок, 03 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Забава

Здравје

Лекот за дијабетес го блокира развојот на ракот на белите дробов��

Лондон - Лекот „метморфин“ што го користат лекарите при лекувањето на дијабетесот може да го блокира развојот на ракот на белите дробови, пишува весникот „Сандеј тајмс“, повикувајќи се на најновите научни истражувања спроведени во САД.

Доколку ваквото откритие на научниците се покаже ефикасно и при практичната примена, овој лек ќе биде првиот во светот што ќе може да спречи појавување на овој вид рак кај страсните пушачи пред тој да се развие во болест од која сега умираат многу луѓе.

Сите досегашни лекови се користат откако болеста веќе ќе се појави и ќе се развие обично во поодминатата фаза на развој и раширеност. Теоретски, ова откритие значи дека пушачите ќе може да го земаат лекот како превентива, иако метморфинот не ќе може да дејствува врз другите погубни здравствени проблеми кај луѓето што обично ги предизвикува пушењето.

Испитувањата во лабораториите откриваат дека пушачите што го користат лекот затоа што се дијабетичари многу поретко заболуваат од рак на белите дробови отколку пушачите што редовно

не ја имаат терапијата со метморфинот. (МИА)


#
Статијата е прочитана 504 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Забава
Кога сум гладен, тогаш сум опасен - гризам!
Призна и жали за прогонувањето на хомосексуалците
Роби Вилијамс издава нова книга
И по смртта, на суд поради неплатени сметки
Ракот се шири на вратот и на целата глава
Фатален, но долго игнориран епилептичен синдром
Познатите го оживуваат латинскиот во училиштата
Цензура за голата Џулијан Мур во Венеција
Арогантните луѓе се несреќни