Број 3326  среда, 07 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Економија

Нема пречки за 13. плата

Со измените во Законот за работни односи се дава можност за исплата на 13. плата, се води сметка за зголемување на заштитата во врска со безбедноста и здравјето при работа, а институтот најниска плата се заменува со минимална плата, се допрецизираат и одредбите што се однесуваат на заштита на работниците за време на бременост, раѓање и родителство и ризични групи, појасни на вчерашната седница на собраниската Комисија за труд и социјална политика, ресорниот заменик-министер Спиро Ристовски.

И од Конфедерацијата на слободни синдикати и од Сојузот на синдикати на Македонија оценија дека измените на овој Закон се добри, поради тоа што со нив за прв пат не се врши рестрикција на работничките права.

Комисијата ги разгледа и законските измени согласно со кои во текот на 2010 и на 2011 година ќе се намалат платите на премиерот, министрите и замениците-министрите, како и на избраните државни функционери за 10 проценти, а се пролонгира и замрзнувањето на платите во јавниот сектор до септември 2012 година. Согласно со измените, а како дел од владините антикризни мерки се и измените на апанажата. Таа ќе биде намалена во однос на досегашното решение, кое обезбедуваше 12-месечна апанажа независно колку време функционерот бил на соодветната функција. Со предлогот се оди на решение со кое ако функционерот бил на функцијата до шест месеци, му следува три месеци апанажа, ако бил меѓу шест и 12 месеци, му следува шест месеци апанажа, ако бил од 12 до 24 месеци, му следува девет месеци апанажа, а ако бил над 24 месеци на функција, ќе добие 12-месечена апанажа. (МИА)


#
Статијата е прочитана 1703 пати.

Испрати коментар

Од: К-15,22
Датум: 07.07.2010 09:25:30
АаАа... К-15? Ма, отидов ја у функционери!
Од: Дарко Петров
Датум: 07.07.2010 09:39:36
Апанажа за што? Кај го има ова! Секој функционер покрај плата после завршувањето на мандатот да има право да зема плата. Бог да чува и да брани!
Од: Komentator
Датум: 07.07.2010 12:50:02
Jas glasam sindikatot da se zalozi apanazata i vo BUTEL ...da se prodolzi da se zima ..zosto navistina e tesko da se namirat site trosoci na pogrebalno..a za uslugite na nasite dusebriznici popovite i da ne zboruvam..te 9 dena te 40 dena ...te 6 i taka nataka ..more od kaj tolku pari ...a covekot umrel ne e poveke na funkcija ..sega mu sluzi na gorniot bez pari ..barem taka vikaat...!!

Најди! во Утрински
Економија
Власта ги скрати дневниците и во приватните фирми
Љубљана ќе го преиспитува купувањето на „Космофон“
Помалку работни часови - помала плата
Расте размената со странство
Рен немало да бара плус мерки од Грција
Италија продава острови
Се продадоа записи повеќе од најавените
Знаеле за проблемите пред две години
Поскапо летување