Рен немало да бара плус мерки од Грција
Брисел - Информациите на некои грчки весници дека еврокомесарот за економски и монетарни прашања, Оли Рен, ќе ја посети Атина кон крајот на јули за да донесе алтернативен пакет антикризни мерки, се „неосновани гласишта“, изјави неговиот портпарол Амаедо Афатаж. „Комесарот Рен во овој период не планира да ја посети Грција и нема намера да бара дополнителни мерки од Атина“, потенцира Афатаж.
Според него, Европската комисија нема намера да бара од грчката Влада корекции на нејзиниот антикризен план, бидејќи тој засега се спроведува согласно со договореното.(МИА) |