Број 3326  среда, 07 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Економија

Љубљана ќе го преиспитува купувањето на „Космофон“

Словенечката влада ќе ја преиспитува купопродажната зделка на поранешен „Космофон“, а сегашен „Оне“. Ова го најавува ревизорскиот извештај на „Телеком Словенија“, кој го обработува купопродажниот договор на оваа телекомуникациска компанија направена со македонскиот втор мобилен оператор. Спроведената ревизија е направена да се расчистат сомневањата за евентуални неправилности во договорот за купување тежок 190 милиони евра, како и информациите дека останатите компании во трката за купување понудиле далеку помалку пари од „Телеком Словенија“. Сомнежите за неправилности се зголемиле и по информациите дека „Космофон“ имал помал број активни претплатници од оние што биле пријавени кога се реализирала зделката.

Надзорниот одбор на „Телеком Словенија“ деновиве ја разгледа ревизијата направена од ПВЦ на купувањето компании во Македонија од страна на „Телеком Словенија“ и купувањето на „најди.си“. Врз основа на добиените согледувања, претседателот на надзорниот одбор, Томаш Бергинс, ги презентираше главните заклучоци од деталната ревизија, кои укажуваат на недефинирани постапки за стекнување и недефиниран начин на одредување на цената на стекнувањето. Во повеќето купени компании, нивото на контрола над компаниите и малцинството акционери е многу мало, а членовите на Надзорниот одбор не биле соодветно информирани. Врз основа на споменатиот извештај и две дополнителни одделни правни мислења, Надзорниот одбор на „Телеком Словенија“ го задолжи актуелниот менаџмент да подготви се' што е потребно за да започне соодветна правна постапка во однос на одговорноста на менаџментот и надзорните одбори во нивните претходни состави до 15 јули.

Што се однесува до главните насоки за идниот развој на матичната компанија и на групацијата „Телеком Словенија“, тие, главно, се однесуваат на целосна консолидација и оптимизација во целата групација во Словенија и во странство, со посебен нагласок на контролирањето и ограничувањето на трошоците.

Овие чекори се преземаат по првичните индикации за нелогичности во преземањето на „Космофон“ од грчки ОТЕ и цената што е платена за него, а надополнета со лошите финансиски резултати од работењето на словенечки „Телеком“ за првиот квартал годинава. Бројките покажуваат дека прв пат од постоењето оваа компанија остварила загуба, што најмногу се должи на работењето токму во Македонија. Нето-загубата во првиот квартал била 600 илјади евра, наспроти профитот од 14 милиони евра минатата година.

Во Македонија, во првиот квартал од годината „Телеком Словенија“ остварил загуба од 5,3 милиони евра пред оданочување. При објавување на овие информации од централата во Словенија изјавија дека загубата се должи на редефинирањето, здружувањето и ребрендирањето на компанијата, која беше купена минатата година. Поради тоа се доцнело со некои од проектите, а ефект имала и глобалната криза. (А.С.)


#
Статијата е прочитана 1356 пати.

Испрати коментар

Од: ??
Датум: 07.07.2010 11:25:11
Еве, јас ќе им кажам каде им е грешката: Прво - и додека постоеше космофон никогаш не ми паднало на ум го менувам од мобимак затоа што едноставно немаше никаква придобивка од тоа, само трикови - како што велат и самите тие (операторите) Второ - откако на пазарот се појави ВИП .ОНЕ ТОТАЛНО ЗАГУБИ НА “привлечноста“ не нудејќи подобри цени, однесувајќи се заспиено и на “стара слава“ (иако не сум сигурен дека се работи за слава - воопшто). Боом тв - ќе мора уште доолго да се натпреварува за мојата доверба. (со цените нормално, ако мислат да им конкурираат на кабелските оператори)

Најди! во Утрински
Економија
Власта ги скрати дневниците и во приватните фирми
Помалку работни часови - помала плата
Расте размената со странство
Рен немало да бара плус мерки од Грција
Италија продава острови
Нема пречки за 13. плата
Се продадоа записи повеќе од најавените
Знаеле за проблемите пред две години
Поскапо летување