Број 3326  среда, 07 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Економија

Се продадоа записи повеќе од најавените

Државните записи се' уште се интересни за купување. Тие беа и останаа добар начин за инвестирање на слободните пари и на банките и на другите инвеститори, кои си ги враќаат назад по шест месеци, оплодени со камата од 4,70 отсто. На вчерашната аукција на државни записи беа понудени повеќе записи од првично најавените со проспектот, кој се објавува на веб-страница на Министерството за финансии. Имено, вчера беа понудени и купени записи во вредност од 35,7 милиони евра, иако првично беше најавено дека ќе се продаваат записи „тешки“ 32,5 милиони евра. Целата понудена сума записи вчера беше и реализирана. Најголемиот дел, или 80,20 отсто се емитувани на клиентите, додека на банките 19,80 отсто. Датумот на достасување на вчерашните државни записи е на 5 јануари 2011 година. Додека, од една страна, Владата продолжува да извлекува пари од стопанството и да се задолжува, достасуваат ратите за наплата. Така вкупниот износ на државни хартии од вредност кој доставува по таа основа државата треба да врати околу 29 милиони евра. (А.С.)


#
Статијата е прочитана 568 пати.

Испрати коментар

Од: Дарко Петров
Датум: 07.07.2010 09:42:42
Каматата од 4,70 % е на годишно ниво. Имате обврска кон читателите до крај да ги објасните работите. Вака како што е напишано во текстот произлегува дека оваа камата е за шест месеци!
Од: vlajko
Датум: 07.07.2010 14:16:25
do darko petrov ne so namera da go branam avtorot,edno pojasnuvanje,koga se zbori za kamatna stapka,taa e sekogas na godisno nivo.pozdrav

Најди! во Утрински
Економија
Власта ги скрати дневниците и во приватните фирми
Љубљана ќе го преиспитува купувањето на „Космофон“
Помалку работни часови - помала плата
Расте размената со странство
Рен немало да бара плус мерки од Грција
Италија продава острови
Нема пречки за 13. плата
Знаеле за проблемите пред две години
Поскапо летување