Број 3326  среда, 07 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Економија

Помалку работни часови - помала плата

За бизнисмените е бадијала барањето субвенционирање на дел од работните часови кога Владата нема пари

Соња Маџовска

Работодавците веднаш се загреаја за барањето на Синдикатот да се намали бројот на работни часови од 40 на 32 или на 36, со што нив ќе им се намалат трошоците за придонеси, но за работниците тоа ќе значи пониски плати. Дел од работодавците сметаат дека без разлика што бара Синдикатот, а и тие го имале истото барање уште пред една година, Владата сега и да сака, не може да го исполни ова барање зашто нема пари во буџетот.

И ССМ и бизнисот се' погласно ја повикуваат Владата да се однесува домаќински и да не троши пари за споменици, туку за мерки со кои ќе се најде вистински излез од кризата.

„Македонија е скапа држава, а сака во услови на криза кога опаѓа прометот на сите нивоа кога се намалуваат приливите од даноци, да се споредува со светските економии. Не знаеме колку државата им должи на фирмите, секој ден се трупаат долговите за невратено ДДВ. Очигледно е дека во буџетот има малку пари, а и тие се трошат непродуктивно. Владата треба да работи домаќински за да се преброди кризата“, изјави вчера Димитар Стојановски од Организацијата на работодавци. Според него, оваа мерка ќе дала резултати ако Владата ги послушала и уште лани ја применела.

Работодавците велат дека со оваа мерка ќе им се намалат придонесите, а со тоа и трошоците. „Тоа беше идеја и на работодавците, ама добро е што ја предложи Синдикатот зашто Владата нас не не' слуша. Намалувањето на работното време ќе се одрази врз пресметките по основа на придонеси за пензиско, инвалидско и здравствено осигурување. Сега нема флексибилност во пресметките. Според сегашниот Закон, работниците мора да ги пријавиме или на 20 или на 40 работни часа. А има фирми на кои не им одговара ниту едното ниту другото. Доколку се намали работното време од 40 на 30 часа, ќе се намалат и придонесите од 6.000 денари на околу 4.800 денари“, вели Миле Бошков од Конфедерацијата за работодавци.

Работодавците се правдаат дека без разлика што оваа мерка ќе повлече и намалување на платата за работниците, поважно било тоа што нема да бидат отпуштени. „Може и да се намали, но и да остане иста, но важно е што нема да бидат отпуштени од работа и нема да се зголемува невработеноста. Владата треба да најде начин како ќе се пресметуваат придонесите според намалениот број на работни часови. И Владата треба да има доверба во работодавците, а не секој месец да ни ги проверуваат пресметките за плати. Се' се врти околу парите. Тие пари што се даваат за придонеси се голем трошок за работодавците, особено сега во време на зголемена неликвидност и намален обем на работа“, вели Бошков. Тој најави дека многу брзо ќе излезат со истражување што го направиле меѓу земјоделците, според кое, тие воопшто не биле заинтересирани за пријавување работници, токму поради високите придонеси. Земјоделците особено не биле заинтересирани да ги пријават сезонските работници. Работодавците ја повикуваат Владата да најде начини како да се реши ова прашање, со што поголем број работници ќе се пријават за да не се работи во сиви или црни зони.

Владата засега отворено не соопштува дали ќе ги прифати барањата на Синдикатот, освен дека ќе бидат разгледани.

Од коморите, пак, велат дека тие се повеќе за донесување економски мерки за подобрување на бизнис-климата, за инвестирање во инфраструктурата, за привлекување странски инвестиции со кои ќе се отворат нови работни места, што ќе влијае да се зголеми конкуренцијата и продуктивноста.


#
Статијата е прочитана 1260 пати.

Испрати коментар

Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 07.07.2010 07:38:33
А зошто мислите дека го поставија ова...новиот претставник ...на власта...ова на работниците...за да идеите на власта ги претстави како работнички барања? Ова е срамно и бежобразно.Треба под веднаж да си ја напушти фотељата,Јас во еден напис го предвидов ова.Се разбира дека е намештаљка. Мотките му се мајката.
Од: Кемал Ататурк
Датум: 07.07.2010 08:28:01
Кај се чуло и видело синдикат да се залага за помала плата, а влада за помалку приливи од данок и придонеси.
Од: Трпе
Датум: 07.07.2010 12:31:49
Честитки за борбеноста на македонскиот синдикат.Работниците ке работат помалку часови но ке земат и помала платаа.А работодавачите ке имат помали давачки спрема државата.Синдикатот дали се бори за работничките права или за работодавците.Работниците пак ке бидат задржувани прекувремено на работа ако сакат да си ги зачуват работните места.Од овие поволности поголеми ��дравје.Работниците ке можат да земат плата наместо 6 000 да земат 4 000.Чиј е македонскиот синдикат на работниците или да ги штити работодавците.

Најди! во Утрински
Економија
Власта ги скрати дневниците и во приватните фирми
Љубљана ќе го преиспитува купувањето на „Космофон“
Расте размената со странство
Рен немало да бара плус мерки од Грција
Италија продава острови
Нема пречки за 13. плата
Се продадоа записи повеќе од најавените
Знаеле за проблемите пред две години
Поскапо летување