Знаеле за проблемите пред две години
Токио - Раководството на „Тојота“ уште пред две години знаело за дефектот на моторот, кој беше причина за најновите повлекувања на моделите „лексус“, па дури еден дел бил и заменет за да се отстрани проблемот. Но, до неодамна не се сметало дека е неопходно повлекувањето. Ова вчера го призна портпаролот на компанијата „Тојота“, Хидеаки Хома. Овој јапонски производител на автомобили деновиве објави повлекување на луксузните модели „лексус“, кои се продавани низ целиот свет и моделите „краун“ во продажба на јапонскиот пазар, со цел да се заменат проблематичните делови. (Ек.Р.) |