Расте размената со странство
Обемот на стоковната размена со странство во првите пет месеци од годинава бележи пораст за 11,1 отсто во однос на истиот период лани. Според податоците од Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија изнесува 1,162 милијарди американски долари, а на увозот 2,8 милијарди американски долари. Покриеноста на увозот со извозот е 57,9 отсто. Трговскиот дефицит изнесува 846 милиони амер��кански долари и е помал од лани, кога во истиот период изнесувал 951 милион долари.
Во првите пет месеци од годинава најмногу се извозувале производи од железо и челик, валани производи, облека, фероникел и преработки од нафта. А во увозот најмногу биле застапени суровата нафта, моторните возила за превоз на лица и електричната енергија. Дури 61,4 проценти од извозот е кон земјите од Европската унија и 31,5 отсто кон земјите од Западен Балкан. Во увозот 53,1 отсто се стоки од земјите-членки на ЕУ, а 28 отсто се од земјите во развој. (С.М.) |