Италија продава острови
Италија до крајот на јули ќе понуди на продажба околу девет илјади згради, палати, плажи, острови и тврдини, чија вредност е проценета на повеќе од 3,6 милијарди евра, со цел да го намали буџетскиот дефицит од 1,8 милијарди евра. Како што објавија италијанските медиуми, меѓу најпознатите објекти и острови што ќе се најдат на продажба се Нормановата палата во Палермо, која е долга 72 километра и е дел од архипелагот Маделан во Сардинија. Ќе се продаваат и островите Сан Еразмо кај Венеција и Санто Стефано во Тиренското Море. (Ек.Р.) |