Број 3400  среда, 06 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Економија

„Њујорк тајмс“ предвреме ќе се раздолжи

Њујорк - Американскиот дневен весник „Њујорк тајмс“ соопшти дека до 2012, три години пред рокот, има намера да го врати заемот од 250 милиони долари, што го зема од мексиканскиот милијардер Карлос Слим. „Њујорк тајмс“ зеде кредит во 2009 од Слим, како најбогат човек во светот, под исклучително висока камата од 14 отсто и потенцијално многу вредна гаранција во акции, пренесоа американските медиуми. Весникот соопшти дека Слим е сопственик на еден од најголемите поединечни удели во компанијата, не сметајќи ги сопствениците - семејството Салцбергер.

Кредитот од Слим во јануари 2009 му помогна на „Њујорк тајмс“ да се одбрани од економската криза, која влијаеше на драстичниот пад на приходите од огласување во целиот сектор на печатени медиуми. „Во изминатите две години, компанијата ’Тајмс‘ ги намали своите долгови од 1,1 милијарда долари на 670 милиони долари“, изјави портпаролот Роберт Кристи. „Тајмс“ во јули годинава оствари раст на приходите, прв пат од 2007, при што растот на приходите од реклами во дигиталниот формат го неутрализира падот на приходите од огласи во печатеното издание. (МИА)


#
Статијата е прочитана 385 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Економија
Сите трчаат по записи во евра
На барабан „Кимико“, „Фламенго“... поради невратени кредити
И без царина, новите коли нема да поевтинат
„Алкалоид“ додели уште 40 стипендии
Невработеноста падна на 32,1 процент
Славниот Кервиел од Сосиете и во затвор и ќе ги враќа парите
Хрватите повеќе играат на странски берзи
Еврото ќе се спаси ако од него се откажат Германците






Roma missing out on vital European funds in Romania
Talks with Serbia on hold as Kosovo government collapses
Mladic arrest 'essential' says EP draft resolution on Serbia